Мартин Мекена (политичар)
Мартин Мекена (11 ноември 1832 – 7 мај 1907) бил австралиски пивар и политичар во Викторија, Австралија.
Роден во Карахил, Килкени, Ирска,[1] од Патрик, фармер и Анастасија, роденото Фихан,[2] Мекена најпрво работел како мелничар за квекерско семејство (иако и самиот бил католик).[3] Тој мигрирал во Мелбурн, Австралија во 1854 година, каде првпат се обидел во ископувањето злато во Баларат, Арарат, Блеквуд и Форест Крик.[3] Во 1858 година, се откажал од рударството по напад на тифусна треска,[1] и тргнал во бизнис со својот брат во Малмсбери.[2] Во 1859 година, Мекена ја основал пиварницата Кампаспе на улицата Ебден во Кинетон, во партнерство со неговиот пријател Вилијам Џовет, со кого Мекена останал партнер дваесет и две години.[4]
Тој бил судија на мирот во Австралија. Во 1864 година, бил избран за градоначалник на округот Кинетон, а потоа од 1865 година бил нејзиниот прв претседател бидејќи округот станал административна област(анг: shire).[1][5]
Се оженил со Кетрин Вилер во 1865 година, со која имал шест сина и пет ќерки.[2] Во март 1868 година, бил избран во Викториското законодавно собрание за окрузите Кинетон во март 1868 година до неговото пензионирање во март 1874 година.[1] Во 1864 година, по две години како советник, бил избран за градоначалник на округот Кинетон.
Во 1881 година, Мекена ја презел сопственост на пиварницата, преместувајќи ја на улицата Бошамп. Во 1887 година Мекена се придружил со конкурентот Роберт Кок за да ја формира компанијата Кинетон бруинг енд малтинг Ко. Лтд. (анг: Kyneton Brewing & Malting Co. Ltd).[4] Тој, исто така, станал значителен земјопоседник и останал советник во областа Киентон до неговата смрт.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Morrissey, Sylvia. „McKenna, Martin (1832–1907)“. Australian Dictionary of Biography. National Centre of Biography, Australian National University – преку Australian Dictionary of Biography.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Parliament of Victoria page on Martin McKenna“. Parliament of Victoria. Посетено на 14 September 2017.
- ↑ 3,0 3,1 Chris McConville, Croppies, Celts, and Catholics: the Irish in Australia (1987), p. 42.
- ↑ 4,0 4,1 Keith Deutsher, The Breweries of Australia: A History (1999), p. 124.
- ↑ Directory for Shires and Road Boards in Victoria, 1867 (1867), p. 51.