Марко Крале и Арапот

Марко Крале и Арапот (српски: Марко Краљевиһ и Арапин) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од ајдукот Тешан Подруговиќ.[1]

Содржина уреди

Арапот гради кула крај морето, а потоа бара од царот да му ја даде ќерката за жена. Царот испраќа воини против Арапот, но тој ги убива сите. Потоа, Арапот оди во Истанбул и на градот му наметнува давачки во текот на три месеци. Најпосле, тој оди во царскиот дворец и го принудува царот да закажат свадба. Додека Арапот прибира сватови, царицата сонува дека во Прилеп има јунак која ќе го победи Арапот. Царот му праќа писма на Крале Марко, нудејќи му големо богатство, но тој го одбива царот со зборовите дека Арапот е поголем јунак. Меѓутоа, откако царската ќерка му праќа писмо, ветувајќи му големи погодности, Марко заминува во Истанбул каде се сместува во Новиот ан. Една вечар, во близината на градот, тој ја среќава царската ќерка која му ја кажува својата мака, а Марко ѝ ветува дека ќе ја спаси. Арапот пристигнува во Истанбул со 500 сватови и ја зема царската ќерка. Тогаш, Марко ги напаѓа сватовите, а потоа започнува борба со Арапот. Тие се борат четири часа, а Арапот бега во чаршијата, но Марко успева да го убие во последен миг. Потоа, тој ја враќа царската ќерка, а на царот му ја дава главата на Арапот. Царот му дава богати подароци и Марко се враќа дома.[2]

Наводи уреди

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 488.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 190-201.