Марија Дауерер
Марија Дауерер (1624-1688) била шведски фармацевт ( аптекар). Таа била првата позната жена аптекар во Шведска.
Таа била ќерка на градскиот советник на Гетеборг, Тимон ван Шотинг и Клара ду Рес, а се омажила во 1646 година за аптекарот Георг Кристијан Даурер (1618-1664), кој истата година ја купил аптеката Маркатан во Стокхолм. Во последните години од животот на нејзиниот сопруг таа управувала со аптеката бидејќи тој бил болен, а по неговата смрт ја наследила аптеката и лиценцата за работа во согласност со постоечките еснафски прописи. Таа управувала со аптеката до 1682 година, кога се пензионирала продолжил да работи нејзиниот зет Јакоб Леонард Алмахер (1652–1724).[1]
Во 17 век, единствените жени фармацевти биле вдовици кои ја наследиле дозволата од нивните покојни сопрузи. Оваа привилегија била укината во 1873 година, по што сите фармацевти требало да бидат формално обучени како такви, образование кое било отворено за жени во 1891 година, а првата дипломирана била Марта Лет.
Наводи
уреди- ↑ Levertin Alfred, Schimmelpfennig Carl Fredrik Vilhelm, Ahlberg Karl, red (1910-1918). Sveriges apotekarhistoria från konung Gustaf I:s till närvarande tid. Bd 1, Stockholms stad, Stockholms län, Uppsala län, Södermanlands län, Östergötlands län, Jönköpings län, Kronobergs län. Stockholm: Ernst Westerbergs boktr.