Маре Винт
Маре Винт е родена на 15 септември 1942 - 10 мај 2020 година) била естонска графичарка. Во своите дела, Винт претежно прикажува „идеален пејзаж“.
Живот
уредиВинт е родена во Талин, каде што дипломирала на 9-то средно училиште во 1961 година. Од 1962 до 1967 година студирала на Државниот уметнички институт на Естонија ССР .Дипломирала како уметник за стакло.[1] Од 1967 до 1969 година, таа работела како професор по уметност во средното училиште во Талин, а потоа како слободен уметник. Таа била член на Естонскиот сојуз на уметници од 1973 година.[2]
Работела со цртање со мастило и молив, а најмногу со литографија од 1972 година. Во делата на Маре Винт од втората половина на 1960-тите и почетокот на 1970-тите, се појавил стил, кој се карактеризирал со црно-бел контраст на цртежите, во кој бојата е повеќе условена.[3]
Таа била наградена со Орден Бела ѕвезда IV класа, во 2015 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ „vilistlased“. Klaasikunst (естонски). 2007-06-06. Архивирано од изворникот на 2007-06-06. Посетено на 2020-05-11.
- ↑ „täna“. Spin TEK AS. 2010-07-28. Посетено на 2020-05-11.
- ↑ Vint, Mare (2012-11-05). „English“. NOAR Nordic and Baltic contemporary art platform. Посетено на 2020-05-11.
- ↑ Estonian National Broadcasting (2015-02-04). „Täismahus nimekiri: presidendilt saab tänavu teenetemärgi 99 inimest“. err.ee (естонски). Посетено на 2020-05-11.