Велушки манастир

манастир во Македонија
(Пренасочено од Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Велушина)
Ова е објавената верзија, проверена на 18 август 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Велушки манастирманастир во близина на битолското село Велушина.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.

Велушки манастир
Воздушен поглед на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Ѓорѓи“ - Велушина
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1839
Посветен наСвети Ѓорѓи
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Ѓорѓи“
„Покров на Пресвета Богородица“
Личности
Место
Местосело Велушина, Општина Битола, Македонија Македонија
Координати40°55′40″N 21°20′24″E / 40.92778° СГШ; 21.34000° ИГД / 40.92778; 21.34000
Видливи остатоци2 цркви, камбанарија, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Бистричка парохија)

Местоположба

уреди
 
Воздушен поглед на селото Велушина и асфалтниот пат кој води до манастирот

Манастирот се наоѓа над селото, на десната страна од Велушка Река.[2] Од селото е оддалечен неполни 2 километри во западна насока, сместен на едно возвишување од каде се гледа целиот јужен дел од Пелагониската Котлина.

До манастирот води тесен асфалтен пат, кој започнува од сретселото на Барешани. Во комплексот се влегува низ големата манастирска порта, вклопена во приземниот дел на конакот, изграден јужно од црквата.[3]

Историја

уреди

Манастирот бил подигнат во XIX век,[2] поточно во 1839 година.[3]

Манастирот бил разрушен за време на Првата светска војна, а по завршувањето на војната бил обновен.[2]

Манастирот бил тешко погоден во земјотресите во јануари 2022 година, при што се забележани изронети фрески во манастирската црква, распукани тавани, ѕидови и подови, а се срушиле и делови од конаците. Исто така, се распукала и камбанаријата и повеќе не била во функција.[4]

Градби во манастирот

уреди

Манастирот е составен од трикорабната црква „Св. Ѓорѓи“, малата црква „Покров на Пресвета Богородица“, камбанарија, помошни објекти и конаци.[2]

Манастирската камбанарија се наоѓа во близина на влезната порта на манастирот, односно во неговиот југоисточен дел. Во западниот дел се наоѓаат обновените манастирски конаци, кујната, трпезаријата, како и собите наменети за престој на верниците.[5]

Црква „Св. Ѓорѓи“

уреди

Црквата била подигната во 1839 година и претставува главна манастирска црква посветена на Свети Ѓорѓи.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“

уреди

Во рамки на конаците на манастирот се наоѓа мала црквичка посветена на Покров на Пресвета Богородица.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 209-210. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  3. 3,0 3,1 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-13.
  4. „ЗЕМЈОТРЕСИТЕ НАПРАВИЈА ГОЛЕМИ ОШТЕТУВАЊА ВО МАНАСТИРОТ „СВ ЃОРГИ ВО СЕЛОТО ВЕЛУШИНА“. Сакам Да Кажам. 2022-01-11. Посетено на 2022-01-12.
  5. Admin (2018-02-27). „Манастир Св. Меркурие село Барешани | Битола инфо“. Bitola Info. Посетено на 2019-02-26.

Надворешни врски

уреди