Мал шарен клукајдрвец
Мал шарен клукајдрвец | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Клукајдрвци |
Семејство: | Picidae |
Род: | Dendrocopos |
Вид: | D. minor |
Научен назив | |
Dendrocopos minor (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Dryobates minor |
Малиот шарен клукајдрвец (Dendrocopos minor) е член на семејството клукајдрвци (Picidae). Малиот клукајдрвец е населен во палеарктичкиот регион, но само некои подвидови се познати. Го има во Македонија.
Опис
уредиЗаради неговата мала големина и неговата навика да поминува голем дел од времето во крошните на високите дрва во шумите и парковите, овој мал клукајдрвец е често незабележан, но ако е забележан на трупец може да биде идентификуван преку неговите широки шари на крилјата и линии низ долниот дел на грбот.
Maшките клукајдрвци имаат светлоцрвена круна, кафеаво чело, црна лента над очите, и друга од почетокот на клунот до вратот. Тилот и горниот дел од грбот му се црни, но долниот дел на грбот е измешан со црно и бело. На крилјата има пошироки и повидливи линии, а на пердувите од надворешната страна на опашката се измешани. Долите делови се бели со ленти на слабиите. Клуновите и нозете се темносиви.
Кај женските клукајдрвци круната е бела, но младите птици и од двата пола имаат повеќе или помалку црвеникаво на главата. Нема поголеми сезонски промени.
Живеалиште и поведение
уредиНивните навики се многу слични со тие на големиот шарен клукајдрвец, и имаат ист мал и набит изглед, речиси триаголен, кога скокаат од дрво на дрво. Неговиот глас е како повторено "киик", гласно за една мала птица, и неговото вибрирачко брборење е поистакнато отколку тоа на останатите поголеми видови. Оваа замена за песна може да биде слушната цело време, но најчесто кога додворувањето почнува во почетокот на годината.
Неговата исхрана составена од инсекти е слична на таа на големиот шарен клукајдрвец. Кога лови ларви во дрвата тие се ронат во скапаното дрво, и ѓубрето на подножјето на дрвото е често првата индикација дека инсектите ги напаѓаат погорните гранки. Од есен до пролет малиот шарен клукајдрвец најчесто лови инсекти, ларви кои живеат во дрва, а се храни и со тенки мртви гранки во живи дрва. Низ сезоната за парење, инсектите кои живет на површината од зеленилото и кората на дрвата сочинуваат зголемен износ на исхрана. Новороденчињата во главно се хранат со инсекти од површината, како и мушички и ларви. Ноќе спијат во стари дупки.
Гнездо од изронети ларви е често показател дека таму има дупка со новороденчиња, бидејќи возрасните не ги носат со себе кога клукаат. Дупката е највообичаено на значителна висина од земјата и може да биде на висина од 9 или 10 метри. Тоа е помала дупка за разлика од таа на големиот шарен клукајдрвец, со пречник од 2 до 5 см.
Оската варира, дупката на гнездото е често 30 см под влезот. 5-8 убаво полирани бели јајца се снесуваат врз пилевина и ронки во доцната половина на мај, и дозволено е само едно легло. И двата родители лежат врз јајцата. Повремено стара или природна пилевина се употребува или додава.
Малиот шарен клукајдрвец е најчесто постојан жител, но понекогаш може да биде и само посетител. Чести се годишни варијации на популацијата. Зимските температури можат да покажат директен ефект врз преживувањето на малиот шарен клукајдрвец, додека временските услови за време на пролет имаат индиректен ефект на парењето заради изобилството од храна.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Dendrocopos minor“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
Литература
уреди- Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4. (англиски)
- Steen R., Selås V. & Stenberg I. 2006. Impact of weather on annual fluctuations in breeding numbers of Lesser Spotted Woodpecker Dendrocopos minor in Norway. Ardea 94(2): 225–231. (download article [1] Архивирано на 9 октомври 2007 г.) (англиски)
Надворешни врски
уреди- Oiseaux Photos
- Ageing and sexing (PDF; 4.6 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.