Малоантилска игуана
Малоантилска игуана | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Семејство: | Игуани |
Род: | Игуана |
Вид: | Малоантилска игуана |
Научен назив | |
Iguana delicatissima Laurenti, 1768 | |
Малоантилската игуана (Iguana delicatissima) е еден од двата вида на родот игуана. Ендемски е на Малите Антили и е во големо опаѓање поради уништувањето на животната средина, грабливците, ловот и мешањето со неговиот сестрински вид на зелена игуана.
Малоантилската игуана е распространета низ шумите, прашумите и крајбрежната вегетација на островите Ангвила, Свети Мартин, Антига, Гваделуп, Доминика и Мартиник. Таа е и одличен пливач и бега и нурнува во вода во случај на опасност. Забележан е случај кога останала под вода 28 минути.[1]
Најочигледната разлика со зелената игуана е недостатокот на кружната плочка на образот под ушниот канал. Бојата се движи од сива до зелена.
Исхрана
уредиИгуаните се претежно хербиворни, се хранат со лисја, цветови, овошје и млади ластарки од над сто разни видови растенија.[2] Ова им претставува проблем за осморегулацијата бидејќи растителната материја содржи повеќе калиум, а помалку хранливи состојки во единица материја; затоа игуаните имаат развиено странична носна жлезда преку која се излачува вишокот на соли на калиум и натриум.[3]
Заштита
уредиБидејќи е ранлив вид, малоантилската игуана е ставена на црвената список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата. Таа е заштитена од лов со закон, но спроведувањето на оваа заштита е многу тешко поради недостапноста на терените кајшто живее. Покрај ловот, малоантилската игуана исчезнува и поради мешањето со зелените игуани, а и поради уништувањето на животниот простор за земјоделски потреби од страна на луѓето. Други закани се кучињата, мачките и мунгосите. [4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Moberly, W.R. Comp. Biochem. Physiol. 27:21-32, 1968.
- ↑ Lazell, J.D. (1973), „The lizard genus Iguana in the Lesser Antilles“, Bulletin of the Museum of Comparative Zoology, New York, 145, стр. 1–28
- ↑ Hazard, Lisa C. (2004), „Sodium and Pottassium Secretion by Iguana Salt Glands“, Iguanas: Biology and Conservation, University of California Press, стр. 84–85, ISBN 9780520238541
- ↑ Day, Mark; Breuil, Michel; Reichling, Steve (2001), „Taxonomic Account Lesser Antillean iguana Iguana delicatissima“, IUCN Iguana Specialist Group, Архивирано од изворникот на 2007-10-14, Посетено на 31 октомври 2007