Малајска азбука (малајски: Rumi) — латинична. Ова е позастапената од двете азбуки на малајскиот јазик (другата е џави, на основа на арабицата). Индонезискиот јазик ја користи истава азбука, па затоа таа може да се нарече и индонезиска азбука.

Азбуката се состои од 26 букви од основната латиница, без какви било дијакритики.

Букви и изговор

уреди
Буква Име МФА Мак. транс.
Aa а /a/ а
Bb бе /b/ б
Cc че /tʃ/ ч
Dd де /d/ д
Ee е /e/ или /ə/ е
Ff еф /f/ ф
Gg ге /ɡ/ г
Hh ха /h/ х
Ii и /i/ и
Jj џе /dʒ/ џ
Kk ка /k/ к
Ll ел /l/ л
Mm ем /m/ м
Nn ен /n/ н
Oo о /o/ о
Pp пе /p/ п
Qq ки /q/ к
Rr ер /r/ р
Ss ес /s/ с
Tt те /t/ т
Uu у /u/ у
Vv ве /v/ или /f/ в или ф
Ww уе /w/ уе
Xx икс /ks/ кс
Yy је /j/ ј
Zz зет /z/ з

Покрај ова, гласовниот систем опфаѓа и диграфи, но овие немаат посебни букви во азбуката:

Диграф МФА Мак. транс.
ai /ai̯/ ај
au /au̯/ ау
oi /ui̯, oi̯/ уј, ој

[1]

Диграф МФА Мак. транс.
kh /x, h, k/ х, к
ny /ɲ/ њ
ng /ŋ/ нг
sy /ʃ, sj/ ш, сј

[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Малајска азбука - Omniglot (англиски)

Надворешни врски

уреди