Македонија пат
Македонија пат е јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во Македонија.
Вид | јавна |
---|---|
Седиште | Скопје, Македонија |
Клучни личности | Нуредин Фетаи (в.д. директор) |
Вработени | 785[1] (2022) |
Мреж. место | www.makedonijapat.com.mk |
Има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои:
- редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта,
- асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки,
- изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација,
- заштита на патишта,
- информативна (диспечерска) служба за состојбата на патиштата и друго.
Наводи
уреди- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.