Мадона и дете со ангел (Ботичели)

Мадона и дете со ангел (италијански: Madonna col Bambino degli Innocenti) е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1465–1467. Денес е сместена во Болницата на невините во Фиренца.

Мадона и дете со ангел
Творец Сандро Ботичели
Година 1465–1467
Димензии 87 см × 60 см
Место Болницата на невините, Фиренца

Во сликата, која е една од најраните дела на Ботичели, се забележува влијанието на неговиот учител, сликарот Филипо Липи инспирирана од на неговото последно дело Мадона и детето со двајца ангели "". Без оглед на тоа уште во ова рано негово дело, се забележуваат неговите суштински уметнички одлики кои ќе го обележат како еден од најзначајните сликари на ренесансата[1].

Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.

Наводи

уреди