Мадона, Детето и два ангели (Ботичели)
Мадона, Детето и два ангели (италијански: Madonna col Bambino e due angeli) е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1468–1469 . Денес е сместена во Национален музеј и галерија на Каподимонте во Неапол.[1].
Творец | Сандро Ботичели |
---|---|
Година | 1468–1469 |
Димензии | 100 см × 71 см |
Место | Национален музеј и галерија на Каподимонте, Неапол |
Сликата порано му се припишувала на Филипино Липи, учителот на Ботичели. Но во ликовите се забележува нежноста и префинетоста која ќе биде основата на неговото ликовно изразување во подоцнежниот период.
Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.
Наводи
уреди- ↑ „Madonna col Bambino e due angeli“. Архивирано од изворникот на 2020-10-16. Посетено на 2020-11-05.