Магнетоскоп
Магнетоскоп (англиски: video tape recorder) — уред за снимање слика и тон на магнетоскопска лента за одложена репродукција. Најмногу употребуван во телевизијата, како многу сложен електронско-механички уред, со сè поголемата примена во другите области. Ширината на лентата може да биде од 1/4 инчи (6,3 мм) до 2 инчи (5,08цм). Времетраењето на снимката на една касета е до 1,5 часа, во зависност од должината на лентата. Постојат повеќе стандарди за снимање на магнетоскопската лента кои можат воглавно да се сместат во две групи: квадруплекс стандардни и хеликоидални стандардни.[1]
Наводи
уреди- ↑ Leksikon novinarstva, Beograd, Godina 1979.