Радичка пастрмка
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Радичка пастрмка | |
---|---|
Неоценет (МСЗП 3.1)
| |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Лососовидни |
Семејство: | Лососи |
Род: | Пастрмки |
Вид: | Радичка пастрмка |
Научен назив | |
Salmo farioides Karaman, 1938 |
Радичка или мавровска пастрмка (Salmo farioides) е слатководна риба од видот Salmonae. Во Македонија распространета е во реката Радика и Мавровското езеро и во други помали водотеци. Според Караман (1937) ја има во сите води што се влеваат во Јадранското Море. Популацијата на пастрмката во Мавровската популација потекнува од популацијата на пастрмката затечена во преградениот Мавровски поток и неговите притоки при оформувањето на Мавровското Езеро во 1953 година.
Морфолошки одлики
уредиКако резултат на изменетите животни се појавила и некоја морфолошка разлика меѓу пастрмката од реката Радика и од Мавровското езеро, од кои статистички значајни се оние во однос на пречникот на окото и ширината на горната вилица. Забите на ралото се наредени цик-цак линија. Муцката е многу зашилена. Покрај црните флеки, кои се почести, има и црвени. Црните се многу густо распоредени и тие имаат различна големина. Бројот на пилорични придатоци изнесува просечно 42, а варира од 36 до 50. Единките од Мавровско Езеро имаат просечно 45,3, а тие од реката радика 48,2 пилорични израстоци. Бројот на лушпи во страничната линија кај мавровските примероци варира од 99 до 117 (средно 108,4), а кај речната форма од р. Радика од 106 до 128 (средно 118,47 – Сидоровски, 1960). Достигнува должина до 61 cm.
Полови одлики
уредиОваа пастрмка се мрести главно во првата половина на декември (инаку од ноември до јануари, па и февруари).
Пречникот на икрата се движи меѓу 3,70 и 4,82 mm, а во просек изнесува 4,4 mm.
Апсолутната плодност на женките од Мавровското Езеро просечно изнесува 2.731, а од реката Радика 396 зрна икра, додека релативната плодност е скоро еднаква кај обете форми: 3.396, односно 3.437 зрна икра.
Позитивна корелација помеѓу должината и масата на рибите-од една страна и апсолутната плодност-од друга страна постои кај обете форми, како што постои и негативната корелација меѓу должината и масата-од една и релативната плодност-од друга страна кај двете форми.
Надворешни врски
уреди- Salmo farioides Karaman, 1938[мртва врска] (англиски)