Луиз Боије аф Генес

Луиз Гунвор Катарина Лагеркранц Боије аф Генес[1] (р. 1 ноември 1961) — шведска писателка, феминистка и соавтор на Редериет, најдолготрајната шведска сапуница во историјата.

Луиз Гунвор Катарина Лагеркранц Боије аф Генес, 2014 година

Најпродаваниот роман на Боије аф Генес, полуавтобиографскиот Stjärnor utan svindel („Ѕвезди без вртоглавица“) од 1996 година, е заснован на односот на авторката со истакнатата феминистка Миан Лодален. Приказната зборува за 32-годишната Софи, која ужива во брачното задоволство со стопанственик додека гради кариера како романописец и новинарка. Буржоаскиот живот на двојката среде џет-сетот на Стокхолм се спушта кон дивината, меѓутоа, кога на сцената стапува лезбејската радикална феминистка Каја, пријателството меѓу двете жени избива во страсна љубовна врска.

Библиографија

уреди
  • Ta vad man vill ha (1991)
  • Ju mer jag ser dig (1992)
  • Ingen människa en ö (1994)
  • Stjärnor utan svindel (1996)
  • Rent hus (1999)
  • När kärleken kom (1999)

Филмографија

уреди
  • Rederiet (1992)
  • Snoken (1993)
  • Skilda världar (1996)

Наводи

уреди
  1. Louise Gunvor Catharina Lagercrantz Boije af Gennäs