Лопиталово правило
Лопиталовото правило е метод што се користи во математичката анализа за пронаоѓање гранични вредности од неопределени изрази со помош на изводи. Правилото е наречено според францускиот математичар од XVII век, Гијом де Лопитал, кој првпат го објавил во неговата книга Analyse des Infiniment Petits pour l'Intelligence des Lignes Courbes во 1696 година.
Во случаи кога за гранична вредност на функција се добива неопределен израз 0/0 или ∞/∞, тогаш гранична вредност постои и таа се наоѓа според формулата:
каде што прим (') означува извод.