Локална управа на Ман
Локалната управа (мански: gurneilys ynnydagh, англиски: local government) на островот Ман се заснова на древните парохии (parishes). Постојат три вида на локални административни единици: месни заедници (borough corporations), градски комисии (town commissions) и парохиски комисии (parish commissions).
Шидинзи
уредиМан се дели на шест административни подрачја наречени „шидинзи“ (sheadings). Шесте шидинзи се Ајр, Гленфаба, Гарф, Мајкл, Рашен и Мидл. Шидинзите се основа за некои парохии и секоја има свој иследник (coroner). На островот Ман, иследниците ги имаат должностите кои во Обединетото Кралство им припаѓаат на шерифот или судскиот извршител. Меѓутоа оваа функција не е иста што и функцијата на судскиот иследник, улога која обично ја исполнува вишиот судски извршител. Едно лице може истовремено да биде иследник во повеќе од еден шидинг.
Парохии
уредиПарохиите (parishes) влечат црковни корени, и се мисли дека се воведени на островот во [XI век] од Шкотска, по посновањето на епископијата во X век. Парохиските граници првично ги отсликувале физичките особини на подрајчето.
Парохиите на секој шидинг на Ман се:
Локалната управа денес
уредиБр. на картата | Единица | Тип | Шидинг | Изборна единица |
---|---|---|---|---|
1 | Ендреас | парохија | Ајдр | Ајр |
2 | Арбори | парохија | Рашен | Рашен |
3 | Балаф | парохија | Мајкл | Мајкл |
4 | Бредан | парохија | Мидл | Мидл |
5 | Брајд | парохија | Ајр | Ајр |
6 | Каслтаун | град | Рашен | Каслтаун |
7 | Даглас | град | Мидл | Даглас Ист, Даглас Вест, Даглас Норт и Даглас Саут |
8 | Џерман | парохија | Гленфаба | Гленфаба |
9 | Џарби | парохија | Мајкл | Мајкл |
10 | Лекси | село | Гарф | Гарф |
11 | Лезајр | парохија | Ајр | Ајр |
12 | Лонан | парохија | Гарф | Гарф |
13 | Мелју | парохија | Рашен | Мелју и Сентон |
14 | Мароун | парохија | Мидл | Мидл |
15 | Могхолд | парохија | Гарф | Гарф |
16 | Мајкл | округ | Мајкл | Мајкл |
17 | Онкан | округ | Мидл | Онкан |
18 | Патрик | парохија | Гленфаба | Гленфаба |
19 | Пил | град | Гленфаба | Пил |
20 | Порт Ерин | село | Рашен | Рашен |
21 | Порт Сент Мери | село | Рашен | Рашен |
22 | Ремзи | град | Гарф | Ремзи |
23 | Рашен | парохија | Рашен | Рашен |
24 | Сентон | парохија | Мидл | Мелју и Сентон |
Наводи
уреди- Прирачник на локалната управа Архивирано на 9 декември 2004 г. (англиски)
- „Манска тетратка“ — Парохии од Френсис Коукли (англиски)