Липооксигеназа
Липооксигеназите (EC 1.13.11.-) се фамилија на ензими кои содржат железо во својата структура (не хем), од кои повеќето ја катализираат диоксигенацијата на полинезаситени масни киселини во липидите кои содржат cis,cis-1,4- пентадиен во клеточно-сигнализирачки агенси кои имаат различна функција како автокрина сигнализација кои ја регулираат функцијата на нивните родителски клетки, паракрина сигнализација кои ја регулираат функцијата на околните клетки, и ендокрина сигнализација кои ја регулираат функцијата на далечните клетки.
Липооксигеназа | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Структура на зајачка ретикулоцитна 15S-липооксигеназа.[1] | |||||||||
Назнаки | |||||||||
Симбол | Lipoxygenase | ||||||||
Pfam | PF00305 | ||||||||
InterPro | IPR013819 | ||||||||
PROSITE | PDOC00077 | ||||||||
SCOP | 2sbl | ||||||||
SUPERFAMILY | 2sbl | ||||||||
OPM-суперсемејство | 87 | ||||||||
OPM-белковина | 2p0m | ||||||||
|
Липооксигеназите се сродни една на друга во нивната структура и во диоксигенациската активност. Сепак, една липооксигеназа, ALOXE3, иако има липооксигеназна структура, поседува релативно мала диоксигенациска активност; таа воглавно има активност на изомераза и ја катализира претворањето на хидроперокси незаситени масни киселини до нивните 1,5-епоксид, хидроксил деривати.
Липооксигеназите се присутни кај еукариотите (растенија, габи, животни, протисти); додека третиот домен на терестријален живот, археите, поседуваат белковини со мала сличност во аминокиселинската низа (~20%) на липооксигеназите, овие белковини немаат резидуи за врзување на железото и затоа не се проектирани да поседуваат липооксигеназна активност.[2]
Наводи
уреди- ↑ Choi J, Chon JK, Kim S, Shin W (February 2008). „Conformational flexibility in mammalian 15S-lipoxygenase: Reinterpretation of the crystallographic data“. Proteins. 70 (3): 1023–32. doi:10.1002/prot.21590. PMID 17847087.
- ↑ Powell WS, Rokach J (2015). „Biosynthesis, biological effects, and receptors of hydroxyeicosatetraenoic acids (HETEs) and oxoeicosatetraenoic acids (oxo-ETEs) derived from arachidonic acid“. Biochimica et Biophysica Acta. 1851 (4): 340–55. doi:10.1016/j.bbalip.2014.10.008. PMID 25449650.