Линиите (упр. кин. : 笔画 ; трад. кин. : 筆畫 ; пинјин : bǐhuà ) се најмали структурни единици за пишување на кинеските знаци .
永 'засекогаш', кинески знак кој се пишува со различни линии, и често се користи за да се демонстрираат различните категории на линии
Сите линии имаат насока на пишување. Тие се еднонасочни и пишувањето започнува од една точка. Како такви, не се пишуваат во спротивна насока од страна на родените говорители. Еве неколку примери за насоката на пишување:
Видови на основни линии
Име на македонски
Име во НРК
Име во РК
Име на јапонски
Име на виетнамски
CJK линија
Значење
Дополнителен опис
Едноставни линии
Точка
Diǎn , 点
Diǎn , 點
Ten , 点
Chấm 枕
"точка"
Мала точка.
Хоризонтална линија
Héng , 横
Héng , 橫
Yoko , 横
Sổ ngang 𬃈昂
"хоризонтална"
Линија одлево надесно.
Вертикална линија
Shù , 竖
Shù , 豎
Tate , 豎
Sổ dọc 𬃈𫆡
"вертикална"
Линија одгоре надолу.
Хоризонтална нагорна линија
Tí , 提
Tiāo , 挑
Hane , 跳
Hất 迄
"се издига" ("скока")
Нагоре и надесно.
Потиснувачка линија
Nà , 捺
Nà , 捺
(Migi) Harai , (右)払
Mác 莫
"притиска надолу"
Дијагонална линија што паѓа надесно со задебелување на дното.
Отфрлачка линија
Piě , 撇
Piě , 撇
(Hidari) Harai , (左)払
Phẩy 𢵪
"отфрла"
Линија што паѓа налево со мала кривина.