Ливадски синец
Ливадски синец (Cupido alcetas) е пеперуга од семејството на пеперуги синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Ливадски синец | |
---|---|
Ливадски синец во Македонија | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Cupido |
Вид: | Ливадски синец |
Научен назив | |
Cupido alcetas (Hoffmannsegg, 1804) | |
Синоними | |
|
Распространетост
уредиОваа пеперуга за првпат била опишана во 1804 гдина. Може да се најде во јужна и Средна Европа, Мала Азија, па сè до Сибир и Казахстан.[1][2][3][4]
Живеалиште
уредиПеперугата живее во тревни површини, грмушести предели и крајшумни региони до 1200 метри надморска висина.[4][5]
Опис
уредиРаспонот на крилјата на пеперугите изнесува д 26 до 32 мм.[5] Горниот дел на крилјата е плавкасто-виолетов кај мажјаците, а кај женките обратно. Овие пеперуги имаат
полов диморфизам. Рабовите на крилјата се црни, со бела бордура. Долниот дел на крилјата е плавкасто-сив со мали црни дамки, опкружени со синкаста нијанса. Основите на крилјата исто така имаат синкаста нијанса. Најчесто нема портокалова боја на долната страна. Кај долниот дел од крилјата има и мала кратка опашка.[4]
Биологија
уредиВозрасните единки летаат од мај до септември.[5] Во зависност од локацијата, овие пеперуги имаат од две до три генерации годишно.[1][2][4][6] Ларвите се гранат со листови на растенијата: Coronilla varia,[1] Galega officinalis,[1][2] Trifolium,[1] Vicia sp.,[1] Medicago lupulina и Securigera varia).[6]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Львовский А.Л., Моргун Д.В. 2007. Булавоусые чешуекрылые Восточной Европы. Москва: КМК. ISBN 978-5-87317-362-4. p. 230
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Tolman, Tom & Richard Lewington. 1997. Butterflies of Britain and Europe. Field Guide. London: Collins. ISBN 0-00-219992-0.
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 2020-03-11.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Eurobutterflies.com
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Simon Coombes Captain's European Butterfly Guide Архивирано на 22 јули 2019 г.
- ↑ 6,0 6,1 Pieris.ch
Надворешни врски
уреди„Ливадски синец“ на Ризницата ? |
- Cupido alcetas
- Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Молци и пеперуги во Европа и Северна Африка
- Lepiforum.de