Леталница на браќата Горишек

Леталница на браќата Горишек (исто така:Леталница, Великанка или Великанка на браќата Горишек) – леталница во Планица која била изградена во 1969 година. По обновата и зголемувањето во 2015 година, заедно со леталницата во Викерсунд во Норвешка, повторно е најголема на светот. Нејзини конструктори се браќата Владо и Јанез Горишек по кои и го носи името. На оваа леталница биле поставени 28 светски рекорди бидејќи е најголема скокалница на светот. На овој спортски објект на 19 септември 2015 година бил отворен најстрмниот зиплајн на светот со просечен наклон од 38,33% (20,9°) и со максимален наклон од 58,6% (30,5°). Ова е најголемата од осумте скокалници во Нордискиот центар Планица. Во 1969 година, тогашниот југословенски скокач Миро Оман, ја имал честа да ја испроба новата леталница две недели пред натпреварите. Тој на пробата на леталницата на 6 март 1969 година слетал на 135 метри и тој бил негов последен скок во кариерата. Во 1972 година, на овој објект било организирано Првото светско првенство во скијачки летови во историјата. Кога Мати Никонен на Светското првенство во скијачки летови во 1985 година прелетал 191 метар и поставил светски рекорд, МСФМеѓународната скијачка федерација во желба да ги запре светските рекорди, следната година донела правило дека летовите над оваа должина нема да ги бодува. На оваа леталница првпат во историјата на скијачките скокови, човек прелетал преку 200 метра. Прв кому тоа му успеало бил Андреас Голдбергер, кој на 17 март 1994 година прелетал 202 метра, но притоа се задржал со рацете на снегот, па резултатот не му бил валиден. Некоја минута подоцна Финецот Тони Ниминен уредно се приземјил, останал на нозе, на 203 метра и со тоа официјално станал првиот Земјанин кој ја прелетал таа магична граница. На оваа леталница, првпат во историјата се летало 160 m, 170 m, 180 m, 190 m, 200 m, 210 m, 220 m и 230 m, во некои случаи дури и со пад. Во 2015 година, во двогодишна обнова била отворена обновената леталница за да овозможи летови над 250 м и евентуално нови светски рекорди.[1] На првиот официјален натпревар по обновата, се приближило до оваа должина.

Леталница на браќата Горишек
Letalnica bratov Gorišek
Леталницата на браќата Горишек во 2016 година
Конструктор(и)Јанез Горишек (план)
Владо Горишек
МестоположбаПланица, Словенија
ОператорЗШРС Планица
Отворена6 март 1969 (проба)
21 март 1969 (официјално)
Обновена1979, 1985, 1994,
2000, 2003, 2005,
2010, 2013–2015
Size
K–точка200 m
Големина на скокалницата240 m
Најдолг скок
(неофицијален / пад)
253,5 m
Австрија Грегор Шлиренцауер
(22 март 2018)
Рекорд на скокалницата252 m
Јапонија Рјоју Кобајаши
(24 март 2019)
Top events
Светски првенства во скијачки летови1972, 1979, 1985, 1994, 2004, 2010, 2020
Светски купови1987, 1991, 1994, 1997, 1999–2003, 2005–2009, 2011–2013, 2015–2019

Во популарната култура

уреди

Во 1974 година, леталницата на браќата Горишек се појавила во германскиот филм во режија на Вернер Херцог, Големата екстаза на копаничарот Штајнер со Валтер Штајнер како дрводелец во главната улога.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „V Planici se spet lahko nadejajo svetovnega rekorda“. delo.
  2. „Velika ekstaza rezbarja Steinerja, r.: Werner Herzog“. Werner Herzog Filmproduktion.

Надворешни врски

уреди

46°28′35″N 13°43′16″E / 46.47639° СГШ; 13.72111° ИГД / 46.47639; 13.72111