Лесковечката или Лескоечка Пештера претставува една од позначајните македонски пештери. Се наоѓа на источните падини на планината Галичица, Во непосредна близина на селото Лескоец , Преспанско. Пештерскиот влез се наоѓа на надморска височина од 1.090 м. Во пештерата, чија вкупна должина изнесува 47 м, изградени се три поголеми проширувања т.н. пештерски сали. Во одредени делови од пештерата се сретнуваат пештерски украси претставени со сталактити и саливи. Во неа живееи поголема колонија на лилјаци.. Според категоризацијата на македонските пештери, Лесковечката спаѓа во групата на Забележителни пештери.[1]
- ↑ Колчаковски, Драган (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1. изд.). Скопје: Институт за географија,ПМФ.