Леополд Еберхард (војвода на Виртемберг-Монтбелијар)

Леополд Еберхард (германски: Georg; 21 мај 1670, во Монбелијар – 25 март 1723, во Монбелијар) — војвода на Виртемберг-Монбелијар од 1699 до 1723 година, како и гроф на Колињ од 1680 година (во наследство на неговата мајка). Првата половина од својот живот бил во егзил и во воена служба на Австрија и долго време живеел во Шлезија; дури во 1697 година тој и неговото семејство можеле да се вратат на Монбелијар, а две години подоцна ја презел власта како последен легитимен машки член на неговата династија. Бил прочуен преку неговото произволно и апсолутистичко владеење, како и со неговиот екстравагантен семеен живот, поради што се смета за „Црната овца“ на семејството Виртемберг.

Леополд Еберхард
Војвода на Виртемберг-Монбелијар
На престол1699–1723
ПретходникЃорѓи II
НаследникВиртемберг-Монбелијар бил припоен кон Војводството Виртемберг
Роден(а)21 мај 1670
Монбелијар
Починал(а)25 март 1723
Монбелијар
СопружнициЕн-Сабине Хедвигер
Елизабет Шарлот Кири
Полно име
македонски: Леополд Еберхард
германски: Leopold Eberhard
ДинастијаДинастија Виртемберг
ТаткоЃорѓи II
МајкаАна од Колињи
Карта на Виртемберг-Монтбелијар (1616 г.)