Ленард-Џонсов потенцијал
Ленард-Џонсовиот потенцијал е прост математички модел што го опишува заемодејството на парови неутрални атоми или молекули. Овој потенцијал е исто познат и како 6-12 потенцијал или 12-6 потенцијал. Формата на овој потенцијал за атомско заемодејство е предложена од Џон Ленард-Џонс во 1924 година [1]. Најчесто се среќава во следниот облик:
каде ε е длабочината на потенцијалната јама, σ е конечното растојание каде интерчестичниот потенцијал е нула, r е растојанието меѓу честичките, а rm е растојанието каде потенцијалот ја има минималната вредност. Вредноста на функцијата на rm е -ε. Растојанијата rm и σ може да се поврзат со: rm = 21/6σ ≈ 1.122σ. Овие параметри обично се одредуваат со приближување за да се репродуцираат експериментални резултати или прецизни квантно-хемиски пресметки. Поради својата едноставна форма, која е евтина за пресметување, Ленард-Џонсовиот потенцијал често се користи во компјутерски симулации, иако постојат попрецизни потенцијали.
Библиографија
уреди- ↑ Lennard-Jones, J. E. (1924), „On the Determination of Molecular Fields“, Proc. R. Soc. Lond. A, 106 (738): 463–477, Bibcode:1924RSPSA.106..463J, doi:10.1098/rspa.1924.0082