Лезбиски феминизам
Лезбиски феминизам — стојалиште дека жени кои заемно се посветени на политичка, сексуална и економска поддршка, овозможуваат алтернативен модел на постоечките машко/женски односи кои лезбијките ги гледаат како угнетувачки. Тие тврдат дека лезбејскиот феминизам вклучува и сексуална преференција и политички избор, бидејќи ги одбива машките дефиниции на животите на жените. Со исказот - „феминизмот е теорија, лезбиството е практика”, лезбискиот феминизам станува примарна сила во радикалната женска култура. Лезбискиот феминизам ги напаѓа и институциите на хетеросексуалноста како центри на патријархатот. Лезбијките се радикали на феминистичкото движење, бидејќи само тие можат да мислат радикално за социјалните промени и родови договори поради нивната ослободеност од конвенционалната хетеросексуалност.[1]
Белешки
уреди- ↑ „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2009-05-22.
Оваа статија од областа на социологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |