Ла Тирана (Гоја, 1792)

Ла Тирана (Тиранката) – портрет во маслена техника од Франсиско Гоја. Истиот бил датиран како дело создадено во 1799 година заради подоцнежен натпис со молив, денес е датиран во 1790-1792 од страна на проучувачите на делото на Гоја, Хосе Гудиол и Хосе Мануел Пита Андраде [1] Денес се наоѓа во Кралската академија на убави уметности Сан Фернандо во Мадрид.

Овој е првиот од двата портрета на кои Гоја ја насликал глумицата Марија дел Розарио Фернандес, позната како Ла Тирана според нејзиниот сопруг, глумецот Франсиско Кастељанос, чиј прекар бил Ел Тирано (Тиранинот). Другиот портрет е дел од приватна колекција.

Наводи

уреди
  1. (шпански) Real Academia de Bellas Artes de San Fernando, ed. (2016). Goya en el Museo de la Academia. Madrid. p. 16-17. ISBN 9788496406414.

Библиографија (на шпански)

уреди
  • Glendinning, Nigel (1992). Central Hispano, ed. Goya. La década de los Caprichos. pp. 148-149. ISBN 84-87181-10-4.
  • Gómez García, Manuel (1998). Diccionario Akal de Teatro. Ediciones Akal. ISBN 9788446008279.
  • Huerta, Javier; Peral, Emilio; Urzaiz, Héctor (2005). Espasa-Calpe, ed. Teatro español de la A a la Z. Madrid. ISBN 9788467019698.