Лајтхаус Риф
Лајтхаус Риф (англиски: Lighthouse Reef, „гребен-светилник“) е атол во Белизе, еден од трите атоли во државата. Другите два се Турнефе и Гловерс Риф. Атолите се дел од Белиската гребенска бариера.
Географија
уредиАтолот е најисточен од сите три атоли. Атолот се наоѓа на 80 километри југоисточо од градот Белиз.[1][2] Лајтхаус има издолжена форма со должина од околу 35 километри и ширина од 18 километри. Во средишниот дел има плитка лагуна со површина од 120 км2 и длабочина од 2 до 6 метри.[3]
Овој атол е најдобро развиениот и најздравиот гребен во Карибите. Богат е со корали и разновиден жив свет.[4]
Атолот е составен од неколку мали островчиња, меѓу кои: Сендбор Кејв, Нордерн Кејв, Халф Мун Кејв, Седл Кејв, Лонг Кејв и Хат Кејв.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Introducing Lighthouse Reef“. Lonely Planet. 2015. Посетено на 27 November 2015.
- ↑ Girma, Lebawit Lily (October 11, 2015). „Diving Belize's Lighthouse Reef Atoll“. Moon Travel Guides. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 30 November 2015.
- ↑ „Islands of Belize“. Island Directory. United Nations Environment Programme. Архивирано од изворникот на 2003-11-27. Посетено на 1 December 2015.
- ↑ Robinson, Julianne S. (October 2000). „Lighthouse Reef Atoll Conservation and Protection Project“ (PDF). U.S. Agency for International Development (USAID) PROARCA/CAPAS. Посетено на 7 December 2015.
Надворешни врски
уреди- Лајтхаус Риф на Ризницата ?
17°18′N 87°33′W / 17.300° СГШ; 87.550° ЗГД
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |