Ламија (митологија)

Ламија (грчки: Λάμια) — чудовиште во старогрчката митологија. Таа била убава жена, љубовница на Зевс. Љубоморната Хера ѝ се одмаздила така што ѝ ги грабнала децата и оттогаш Ламија почнала да им ги убива децата на мајките. Затоа, таа станала грда и се претворила во чудовиште. Во подоцнежните верувања, името Ламија означувал убава жена која ги мами момчињата и им ја пие крвта.[1]

Наводи

уреди
  1. А. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 223.