Лав од Мари
Лавот од Мари е бакарна статуа на лав, пронајдена во 1936 година од Андре Паро во „Храмот на лавовите“ во Мари, Сирија. Статуата е оштетена, смачкана за време на уништувањето на наоѓалиштето, а опстанал само предниот дел од телото. Во моментов е изложен во Одделот за блискоистични старини на Лувр.
Творец | непознат |
---|---|
Година | Ран 2 милениум п.н.е. |
Тематика | Лав |
Димензии | 40 см × 70 см |
Место | Лувр, Париз |
Сопственик | Оддел за блискоисточни старини на Лувр |
Познато е дека „Храмот на лавовите“ каде што биле пронајдени двете статуи на лавови, го изгради управникот, наречен шаканкаку, на Мари, по име Иштуп-Илум околу 2150 година пр.н.е.[1]
Лавот од Мари најверојатно бил произведен да служи како протома во раниот втор милениум пр.н.е., во време кога храмот се преизградувал, веројатно за време на владеењето на Зимр-Лим. Ископан е во 1936 година од експедицијата на Паро во Храмот Дагон во Мари (сега Тел Харири, Сирија) и сега е изложен во Лувр; нејзината близначка-фигура е изложена во Националниот музеј на Алепо.
-
Другиот лав, во Националниот музеј во Алепо
Наводи
уреди- ↑ „Site officiel du musée du Louvre“. cartelfr.louvre.fr.
Извори
уреди- Статуа на лав Архивирано на 28 мај 2017 г.
- Les fouilles de Mari, Андре Паро, Сирија, 1938 година, том 19, број 1, стр. 1–29.