Лавинија Фонтана
Лавинија Фонтана (24 август 1552 - Август 11, 1614) била италијански сликар. Таа е сметана за првата жена-уметник која работила во истата сфера со своите машки современици, надвор од двор или манастир.[1]
Во прилог на портретите, подоцна создавала големи слики со религиозни и митолошки теми.[1] Фонтана се омажила за Паоло Запи во 1577. Таа родила 11 деца, но само 3 ја надживеале. По венчавката, Фонтана продолжила да слика за да го поддржи нејзиното семејство. Запи се грижеше за домаќинството и служеше како сликарски асистент на неговата сопруга, понекогаш сликајќи мали елементи како драперии.
Некои од нејзините портрети, често раскошно платени, биле погрешно припишани на Гвидо Рени. Главен меѓу овие се Венера; Богородица дигајќи го превезот од малиот Христос; и Кралицата на Шева во посета на Соломон. Нејзиниот автопортрет - во младоста се велеше дека била многу убаваа - беше нејзиното ремек-дело.[2]
Постојат повеќе од 100 дела кои се документирани, но само 32 потпишани и датирани дела се познати денес. Постојат 25 повеќе што можат да се припишат на неа. Се смета дека Софонисба Ангисола имала влијае на нејзината кариера.
Наводи
уреди„Лавинија Фонтана“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 „Artist Profile: Lavinia Fontana“. National Museum of Women in the Arts. Посетено на 29 March 2013.
- ↑ Frances Borzello, Seeing Ourselves: Women's Self-Portraiture 1998