Светлечка диода

(Пренасочено од ЛЕД (диода))

Светлечка диода, односно ЛЕД (од анг. light-emitting diode, LED) е електронски полуспроводнички елемент кој зрачи светло [7]. ЛЕД се користат како индикатори во технички апликации, но сè повеќе и како извор на светло. Користени се како практичен електронски елемент уште од 1962 година, кога првите LED светеа со црвено слабо светло, додека новите модерни верзии се достапни со видливи, ултравиолетови и инфрацрвени бранови должини како и силна светлина. Кога светлечката диода е вклучена, електроните се комбинираат на дупките каде нема електрони во елементот, и испуштаат енергија во вид на фотони. Светлечките диоди имаат голема предност пред другите светилки заради помалата потрошувачка, поголемиот работен век, помалата големина, побрзо вклучување и потешко кршење. Ваквите диоди што можат да осветлат соба се често скапи и бараат прецизна струја и систем за спречување на прегревање. LED се користат за сигнализирање кај возилата, билборди, семафори и екрани. Светлечките диоди овозможија видео дисплеи, сензори како и брза комуникација особено кај инфрацрвените LED кои се користат во многу далечински уреди за контролирање на телевизори, ДВД-изведувачи и детски играчки.

Светлечка диода
Црвена, зелена и сина диода од петмилиметарски тип
Типпасивен, оптоелектронски
Принцип на работаелектролуминисценција
ПронаоѓачОлег Лосев (1927)[1][2][3]
Џејмс Биjард (1961)[4]
Ник Холоњак (1962)[5]
Првпат произведен1968[6]
Распоред на контактитеанода и катода
Ел. симбол

Историја на светлечките диоди

уреди

Почеток

уреди

Процесот на користење на електроните кои се комбинираат и испуштаат фотони, поточно електролуминисценција како феномен беше откриен во 1907 од британскиот научник Хенри Џозеф Раунд [8], користејќи SiC (силициум карбид) и кристален детектор. Рускиот научник Олег Владимирович изјави дека ја создал првата светлечка диода во 1927. Неговото истражување беше објавено во руски, германски и британски списанија, но немаше практична употреба неколку декади.

Практична употреба

уреди

Рубин Браунштајн создаде инфрацрвена диода користејќи GaAs (галиум арсенид) и неколку други полупроводници во 1995 [9]. Потоа направи инфрацрвена диода користејќи GaSb, GaAs, InP и SiGe на собна температура. Првата практична светлечка диода беше развиена во 1962 од Ник Холоњак кога работеше за Џенерал електрик компани (General Electric Company). Ник се смета за „таткото на LED“ создавајќи ја првата ваква диода која зрачи видливо црвено светло. До 1968 година, и видливата и инфрацрвената LED беа многу скапи, од 200 американски долари по парче, па немаше практична употреба. Монстанто компани (Monsanto Company), беше првата организација која масовно почна да произведува видливи ЛЕД, користејќи го соединението галиум арсенид фосфид (GaAsP) во 1968 година за да создаде диоди кои се добри да служат како индикатори. Hewlett Packard (HP) користеше диоди од 1968 година со GaAsP од Monstanto Company. Технологијата беше доста успешна за дисплеи со букви и бројки и беше интегрирана во калкулаторите на HP.

Понатамошен развој

уреди

Првата масовна употреба беше заменување на неонските светла и дисплеите за прикажување бројки [10]. Како што технологијата за материјали беше понапредна, се создадоа нови бои како и посилна светлина. Во 2001 беа успешно направени светлечки диоди од галиум нитрид (GaN) што донесе многу силни штедливи диоди. Во 2011 година, Жонг Лин Ванг од Институтот за технологија во Џорџија откри дека пиезоелектричните ултравиолетови светлечки диоди можат да бидат поефикасни за 400% користејќи цинк оксид[11].

Наводи

уреди
  1. „The life and times of the LED — a 100-year history“ (PDF). The Optoelectronics Research Centre, University of Southampton. April 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-09-15. Посетено на September 4, 2012.
  2. Nosov, Yu. R. (2005). „О. В. Лосев – изобретатель кристадина и светодиода“. Электросвязь (5): 63.
  3. Novikov, M. A. (2004). „Олег Владимирович Лосев — пионер полупроводниковой электроники“ (PDF). Физика твердого тела. 46 (1). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-28. Посетено на 2013-09-07. Кроме того, О.В. Лосеву удалось очень далеко продвинуться в понимании физики этих явлений в условиях, когда еще не была создана зонная теория полупроводников. Так что современные защитники приоритета Роунда вряд ли имеют право оспоривать выдающийся вклад нашего соотечественника в эту область физики и особенно в изобретение светодиода. Ведь изобретателями радио считаются по праву Попов и Маркони, хотя всем известно, что радиоволны первым наблюдал Герц. И таких примеров в истории науки много.
  4. „The first LEDs were infrared (invisible)“. Smithsonian National Museum of American History. October 2007. Архивирано од изворникот на 2010-04-01. Посетено на July 24th, 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Inventor of Long-Lasting, Low-Heat Light Source Awarded $500,000 Lemelson-MIT Prize for Invention“. Washington, D.C. Massachusetts Institute of Technology. April 21, 2004. Посетено на December 21, 2011.
  6. Schubert, E. Fred (2003). „1“. Light-Emitting Diodes. Cambridge University Press. ISBN 0-8194-3956-8.
  7. [1]
  8. H. J. Round (1907). "A Note on Carborundum". Electrical World 19: 309.
  9. „Braunstain на ucla.edu“. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2012-07-19.
  10. Прва употреба на компанијата Монсанто
  11. „подобрување за 400% користејќи цинк оксид“. Архивирано од изворникот на 2013-02-25. Посетено на 2012-07-19.

Поврзано

уреди