Куќа на Карл Маркс

Куќата на Карл Маркс е музеј, односно спомен-куќа на историјата на семејството Маркс којашто се наоѓа во германскиот град Трир.

Во куќата е роден Карл Маркс (Трир, 5 мај 1818 - Лондон, 14 март 1883), кој заедно со Фридрих Енгелс се смета за основач на марксизмот и комунизмот. Во куќата живеел неговиот дедо Мајер Халеви Маркс, неговиот татко Хајнрих Маркс (1777–1838) и неговата мајка Хенриет Пресбург (1788–1863). Во куќата се наоѓаат писма и фотографии со лична посвета, дел од семејниот мебел, марксистичка збирка на фотографии, збирка на ретки први и меѓународни изданија на неговите дела, како и поставки од развојот на социјализмот во XIX век.

Надворешни врски

уреди