Кучковски Водопад
Кучковски Водопад — водопад сместен помеѓу селата Кучково и Горно Свиларе, на поток наречен Река.[1]
Кучковски Водопад | |
---|---|
Поглед на водопадот | |
Место | помеѓу селата Кучково и Горно Свиларе |
Највисок слап | 6 м |
Во близина на водопадот се наоѓа археолошко наоѓалиште, кое потекнува од римскиот период со видливи остатоци од ѕидови.
Местоположба
уредиВодопадот се наоѓа во атарот на скопското село Кучково, од кое е повеќе оддалечено, додека селото Горно Свиларе е попристапно и поблизу.
Пристап
уредиДо водопадот може да се дојде по земјениот пат за караулата „Чашка“, кој започнува од селото Кучково. Откако патот ќе се спушти до самата караула, се продолжува на југ (лево вртење). Откако ќе се поминат стари рударски окна и ископини и ќе се појави малиот поток, ќе се најдете кај водопадот. Од страната на селото Горно Свиларе, пак, на крајот на селото започнува земјен пат кој продолжува кон малата клисура на потокот, на што претходат плавни површини со наноси.
Туризам
уредиВодопадот не е туристички претставен, иако Општина Ѓорче Петров и Општина Сарај се обидувале да пронајдат решенија за развој на наоѓалиштето.[1]
Галерија
уреди-
Потокот кај водопадот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Фото алманах Сарај“ (PDF). Посетено на 6 февруари 2022.
Надворешни врски
уреди- Кучковски Водопад на Ризницата ?