Куртово Ќуле

Планински врв на Кораб
Куртово Ќуле

Врвот Куртово Ќуле
Висина &100000000000020820000002.082 м
Место Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Куртово Ќуле — врв на планината Кораб во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.082 метри. Се наоѓа северозападно од селото Жировница и се издигнува на билото на една мала огранка (гребен) која се испушта од главниот срт на протегање на Кораб кон исток. Претставува еден од најјужните врвови на планината Кораб, од кој на југ со долината на Валавичарска Река и месноста Голема Планина, започнува да се протега планината Дешат. Според местоположбата на врвот Куртово Ќуле се наоѓа на координатите 41°41'15" северна географска широчина и 20°33'26" источна географска должина[1]. Сместен е на крајот на планинската огранка која се протега на источната падина на планината Кораб, при што на запад е поврзан со врвот Јаворско Брдо (2235 м.) додека на исток широко се отвора над долот на Жировница и кон север и југ се отвора испуштајќи стрмни падини во долините на Таировска Река на север и Валавичарска Река со која е пределната граница со која почнува планината Дешат на југ. Околината на врвот изобилува со ретки геолошки и морфолошки појави како: сипари, остенци, камени гребени, камени струи и мразни почви[1]. Од врвот Куртово Ќуле се нуди извонредна глетка на целото протегање на Кораб и Дешат, долината на Радика, планината Бистра.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Посетено на 8.13.2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска] Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Маврово“ е зададен повеќепати со различна содржина.