Кумарџилар анкаравансарај сместен во Северна Никозија, Северен Кипар.[1] Не е познато кога точно е изграден но се смета дека е изграден околу крајот на 17 век, е многу помала и скромна во споредба со Бујук ан (Големиот ан). Слично на сите карвансараи, влезот води до двор на отворено, кој е опкружен со двокатна зграда, која содржи 56 соби. Оние од горниот кат биле користени од патниците, додека оние од приземјето биле користени за нивните животни и предмети. Кумарџилар ан бил во лоша состојба, до опасност од колапс. Напорите за реставрација на зградата биле отежнати, поради недостиг на средства.[2]

Кумарџилар ан по реставрацијата во 2016 година
Анот во 2008 г

Во јануари 2018 година, Кумарџилар ан бил целосно реставриран и се користи како кафуле/ресторан, како и мали продавници кои продаваат локални производи.

Според Хашмет Музафер Гуркан, вратата на каравенсарајот „несомнено“ припаѓала на латинска зграда. Во една хипотеза за неговото име се наведува дека првично се викал „Кумбараџилар Хани“, по поделба на османлиската војска, „кумбараџилар“. Анот низ документите се среќава и како „Ќучук ан“ („Мала гостилница“) од 1881 година, а Руперт Гунис во 1936 година напишал дека се нарекува „ан на патувачките музичари“.[3]

Наводи

уреди
  1. Dubin & Morris 2002.
  2. „Kumarcilar Han (Gamblers' Inn), Nicosia, North Cyprus“. northcyprus.com. Посетено на 7 January 2015.
  3. Gürkan, Haşmet Muzaffer. Dünkü ve Bugünkü Lefkoşa (турски) (3. изд.). Galeri Kültür. стр. 161. ISBN 9963660037.