Кула Ханзаоблакодер во Шчеќин, Полска, што се наоѓа на авенијата Визволенија бр. 50, во општинската населба Шрудмјешцjе-Пулноц. Зградата е висока 125 метри, што ја прави највисоката зграда во градот. Има 34 ката, од кои 4 под земја. Нејзината изградба започнала во 2011 година, а била завршена во 2021 година. Зградата била дизајнирана во облик на бродско едро, а проектот го изработиле компаниите Лагуарда Лоу и Урбикон.[1]

Кула Ханза
Кулата Ханза во 2021.
Карта
Општи податоци
ВидОблакодер
МестоШрудмјешцје-Пулноц, Шрудјмјецје
АдресаАвенија Визволенија бр. 50
ГрадШчеќин
ЗемјаПолска
Координати53°26′16″N 14°33′13″E / 53.4377° СГШ; 14.5536° ИГД / 53.4377; 14.5536
ПочнатаСептември 2011
ЗавршенаМарт 2021
Висина125 м
Технички податоци
Катови34
Проектирање и изградба
Архит. бироЛагуарда Лоу
Урбикон
Главен изведувачЏ.В. Констракшен
Калбуд
Други податоци
Паркиралиште383
Портал
http://www.hanzatower.pl/en/

Опис

уреди

Облакодерот се наоѓа во градот Шчеќин, Полска, на авенијата Визволенија бр. 50, во општинската населба Шрудмјешцjе-Пулноц. Дизајниран е во традиционален и високотехнолошки стил и обликуван да изгледа како бродско едро.[1]

Висока е 125 метри, што ја прави највисоката зграда во градот. Нејзината висина од основата до покривот е 100 метри . Има 34 ката, од кои 4 под земја, а вкупната корисна површина му е 54.337 квадратни метри. Од тоа, 22.000 квадратни метри се станбен простор во горните нивоа, додека 17.891 квадратен метар е комерцијален и сервисен простор, на долните катови. Зградата располага со 480 станбени станови, чија површина варира од 24 до 220 квадратни метри. На нејзиниот подземен паркинг може да се сместат 383 возила.[1][2]

Историја

уреди

Изградбата на зградата започнала во септември 2011 година. Проектот го изработиле компаниите Лагуарда Лоу и Урбикон, а градбата била на Калбуд и ЏВ Констракшен. Името на зградата доаѓа од Ханза, стопански и одбранбен сојуз на трговски еснафи и градови, кои ја предводеле трговијата долж брегот на Северна Европа. Цената на инвестицијата е проценета на 150 до 200 милиони полски злоти. Изградбата била планирана да заврши кон крајот на 2020 година, меѓутоа, по промените во плановите на зградата, рокот бил поместен за март 2021 година.[1][3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Hanza Tower“. urbanity.pl (полски).
  2. „Hanza pnie się w górę [GALERIA]“. 24kurier.pl (полски).
  3. „Kiedy Hanza Tower będzie gotowa? Znamy aktualne terminy zakończenia prac“. wszczecinie.pl (полски).