Крконошки Превој

превој во Полска

Крконошки Превој (полски: Przełęcz Karkonoska) — планински превој во средишниот дел на венецот Крконоши, полско-чешката граница. На надморска височна од 1.198 м, ова е најниската точка на главниот срт на Краконоше. Иако е сместено на границата, местото нема чешки назив. Во Чешка ова подрачје се нарекува „Шпиндлерова боуда“ (Шпиндлерова колиба), наречено по една месна планинска куќа.

Крконошкиот Превој лете
Крконошкиот Превој зиме

Туризам

уреди

До превојот се стигнува по пат од Шпиндлеров Млин (Чешка) и по пат од Полска. Полскиот пат е еден од најстрмните во земјата, со просечна наваленост од 7,2 %, и максимална наваленост од 24 %[1]. Иако патот од полската страна е релативно лош, превојот е мошне популарен кај ридските велосипедисти. Превојот е и крстопат на повеќе планинарски патеки, вклучувајќи ја и Патеката на полско-чешкото пријателство.

За време на II светска војна, областа била присоединета кон Германија како дел од Судетите. Во местото се чувале воени заробеници, а пак самата колиба била конфискувана од Германците како сопственост на Евреин и преуредена во планинарски дом на Хитлеровата младина, а потоа во одморалиште за офицери[2].

Наводи

уреди
  1. Краконошки Превој (1198 m / 1238 m) од Подгушина 26 декември 2009 (полски)
  2. Крконошки Превој 26 декември 2009 (полски)