Кристијан Барнард
Кристијан Н. Барнард (англиски Christiaan N. Barnand) е роден во Бифорт Вест, 8 ноември 1922-Пафос 2 септември 2001. Тој бил јужно африкански кардиохирург кој го извел првото успешно пресадување на срце.
Прво успешно пресадување на срце
уредиПо првото успешно пресадување на бубрег во 1953 година, во САД, Барнард ја извел првото пресадување на бубрег во Јужноафриканската Република во октомври 1967. Барнанд неколку години експериментирал со пресадување на срце на животни. Пресадување на срце било извршено на повеќе од 50 кучиња. Благодарение на исчекорите кој ги направиле пионерите, меѓу кој и Норман Шамвеј, неколку хируршки екипи биле во положба да го подготват првото пресадување на срце. Бернард имал пациент кој бил подготвен да се подвргне на процедурата, но му бил потребен соодветен дарител.
Го извел првото пресадување на срце на 3 декември 1967 година, со асистенција на својот брат Маријус Бернард, а операцијата траела 9 часа и во неа учествувале 30 луѓе. Пациентот се викал Луис Вашкански, 54 годишен продавач, кој боледувал од дијабетис и од неизлечlива срцева болест. Барнард подоцна напишал:
„На човекот кој умира не му е тешко да донесе тешка одлука бидејќи знае дека е на крајот. Ако ве брка лав на крајбрежје каде што има крокодили, вие ќе скокнете во водата, уверени дека имате шанса да препливате на другата страна.“
Дарител била младата Дениз Дарвал, на која што мозокот и бил оштетен во несреќа на 2 декември 1967, додека преминувала улица во Кејптаун. По тоа што нејзиниот татко дозволил нејзиното срце да го искористи Барнард за пресадување.
Барнард станал меѓународна ѕвезда преку ноќ и бил славен ширум светот поради своите достигнувања. Тој продолжил да врши пресадување на срце. По пресадувањето кое е извршено на 2 јануари 1968 пациентот Филип Блајберг преживеал уште 19 месеци. Дороти Фишер добила срце во 1969, и станала првиот црн примател. Живеела 12 години и 6 месеци по пресадувањето. Дирк ван Зил кој добил срце 1971 е пациент кој најдолго живеел според новите мислења, преку 23 години.
Смрт
уредиКристијан Барнард умрел во септември 2001, додека бил на одмор во Пафос, на Кипар. Првите извештаи покажале дека умрел од срцев удар, но аутопсијата покажала дека умрел од сериозен напад на астма.