Кристина Ројова (Стара Тура – 27 декември 1936 година) била словачка протестантска активистка, мислител, преродбеник, романописец и поет.

Кристина Ројова
Роден(а)18 август 1860(1860-08-18)
Стара Тура, Австроунгарија, (денес Словачка)
Починал(а)27 декември 1936(1936-12-27)
Стара Тура, Чехословачка, (денес Словачка)
ДржавјанствоАвстроунгарија, Чехословачка
ЗанимањеПротестантски активист, мислител, романописец и поет
Потпис

Таа била основач на Синиот крст и дијаконскиот центар во Стара Тура. Нејзините литературни дела се преведени на 36 јазици. За време на владеењето на комунистичката партија во поранешна Чехословачка, христијанската литература напишана од неа била често конфискувана од службата за државна безбедност[1] , а во исто време таа била на црната листа на училишните програми од социјалистичката ера. Таа сега се смета за словачка авторка со најчесто преведувани книжевни дела, а некои книжевни критичари ја сметаат за „словачка Киркегор“.[2]

Живот

уреди

Родителите на Кристина Ројова биле потомци на две истакнати лутерански семејства. Таткото Август Рој, близок пријател на Јозеф Мирослав Хурбан бил соосновач на Матица Словачка. Нејзиниот брат Јозеф Људовит Холуби бил истакнат словачки ботаничар, етнограф, црковен историчар и археолог, а нејзиниот друг брат Карол Холуби бил погубен во близина на денешното село Шулеково во револуционерната 1848 година. Детството на Кристина Ројов била поврзана со лутеранската парохија во Стара Тура, каде што локалните капелани во исто време биле нејзини учители. Сепак, целокупното образование што го добила не го исполнила нејзиниот огромен интелектуален потенцијал. Голем придонес во развојот на нејзините вештини има едногодишното студирање во високото средно училиште во Братислава каде успеала да го совлада германскиот јазик.

Наводи

уреди
  1. Slavka, M.; и др. (1994). Naše korene (словачки). Bratislava: Nádej. стр. 187. ISBN 80-7120-029-8. ... At the same time their personal correspondence, typing machines and Christian literature was confiscated, mainly the one written by national author Kristína Royová.
  2. *Trúsik, Pavol (February 2011). „Kristína Royová – slovenský Kierkegaard? (Kristína Royová – Slovak Kierkegaard?)“ (словачки). Ostium, Internet journal for humanitarian science. Посетено на 2011-08-19.

Надворешни врски

уреди