Криза на идентитет (психологија)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Криза на идентитет — неуспех да се постигне идентитет на егото во адолесценцијата[1][2]. Терминот беше создаден од психологот Ерик Ериксон (Erik Erikson). Фазата на психосоцијалниот развој во која се појавува криза на идентитет се нарекува кохезија на идентитетот наспроти фазата на конфузија на улогите. Во оваа фаза од адолесценцијата, се соочуваме со физички развој, сексуално созревање и интегрирање на нашите идеи за себеси и за тоа што другите мислат за нас[3] . Формираме слика за себе и ги издржуваме задачите за решавање на кризата на нашиот основен идентитет на егото. Успешното решавање на кризата зависи од напредокот во претходите развојни фази, насочувајќи се кон проблемите како што се доверба, автономија и иницијатива[3].
Тие кои излегуваат од оваа фаза со силно чувство за идентитет, добро се подготвени со доверба и сигурност да се соочат со зрелоста. Кај тие кои не успеваат да постигнат целосен идентитет, кои се соочуваат со криза на идентитет, ќе се пројави конфузија на улогите, не знаејќи кои се, каде припаѓаат или каде сакаат да одат. Овој вид на нерешена криза ги остава поединците да се борат да се пронајдат себеси. Тие може да продолжат да бараат негативен идентитет, што може да вклучи криминал или дрога или неможност да се дефинираат изборите во врска со иднината. Основната одлика која треба да се развие во периодот на адолесценција е верноста, која произлегува од целосно формиран идентитет на егото.
Интересот на Ериксон за идентитетот започнува во детството. Неговите подоцнежни студии за културниот живот меѓу припадниците на индијанското племе Јурок од Северна Калифорнија и припадниците од градот Су Фолц во Јужна Дакота помогнаа да се формализираат идеите на Ериксон за развој на идентитетот и криза на идентитетот. Ериксон ги опиша тие кои поминуваат низ криза на идентитетот како покажување конфузија. Често се чини дека немаат идеја кои се или што се, каде припаѓаат или каде сакаат да одат. Тие може да се повлечат од нормалниот живот, не дејствуваат или дејствуваат како што вообичаено го прават тоа на работа, во нивниот брак или во училиште. Како начин за справување со кризата на идентитетот тие дури може да се свртат кон негативни активности, како криминал или дрога. За некој кој поминува низ криза на идентитет, повеќе е прифатливо да има негативен идентитет отколку воопшто да нема никаков идентитет. Ериксон мисли дека врсниците имаат силно влијание врз развојот на идентитетот на егото во адолесценцијата. Тој верува дека здружувањето со негативни групи како што се култови или фанатици всушност би можеле да го сменат развојот на егото во ова критично време. Според Ериксон, основната одлика која треба да се развие во периодот на адолесценцијата е верноста, која се појавува со целосно формирање на идентитет на егото. Верноста вклучува искреност, оригиналност и чувство на должност во нашите односи со другите луѓе.
Ериксон го опишува идентитетот како субјективна смисла како и забележителен квалитет на личната идентичност и континуитет, поврзан со некои верувања за идентичностите и континуитетот на некои поделени слики во светот. Како квалитет на неизвештачен живот, ова може да биде премногу очигледно кај еден млад човек кој се пронашол себеси како што се пронашол во својата заедница. Кај него можеме да видиме дека се појавило единствено обединување на она што е неповратно дадено, а тоа е вид на тело и темперамент, дарежливост и ранливост, детски модели и стекнати идеали, со отворени избори обезбедени во достапни улоги, професионални можности, понудени вредности, стекнати пријателства и први сексуални искуства.
Наводи
уреди- ↑ Kendra Cherry, Identity Crisis - Theory and Research
- ↑ (Schultz, 216)
- ↑ 3,0 3,1 (Schultz, 215–216)