Кралската песна (Кунгсањен)
Кунгсањен[1] (Песната на кралот) е шведската кралска химна. Позната е и по својот прв стих, Ur svenska hjärtans djup en gång (Еднаш од длабочината на шведските срца). Иако се пее во прилики како роденденот на кралот, годишното отворање на Риксдагот и церемонијата на доделување на Нобеловата награда, песната не се смета за шведска државна химна. Ти древен, ти слободен е де факто државната химна на Шведска, но никогаш не била официјално призната.
макед. Песната на кралот | |
---|---|
Оригиналната музика за машки хор од Ото Линдблад | |
химна на Шведскиот монарх | |
Текст | К.В.А Страндберг |
Музика | Ото Линдблад |
Усвоена | 1844 |
Текстот е напишан од Карл Вилхелм Аугуст Страндберг, а музиката составена за четиричлен машки хор од Ото Линдблад. Кунгсањен ја заменила претходната кралска химна, која се пеела на мелодијата на британската кралска химна, Боже, чувај го Кралот. За првпат била изведена во Лунд на 5 декември 1844 година на забава организирана од Универзитетот за да го прослави доаѓањето на кралот Оскар I, а официјално била усвоена во 1893 година.
Обично се пеат само првата и петтата строфа (и само првата ако е присутен кралот). Останатите три многу ретко се слушаат.
Наводи
уреди- ↑ „Kungssången“ (шведски). Архивирано од изворникот на 2014-03-02. Посетено на 8 January 2012.