Кралот на Англија и неговите три синови
Кралот на Англија и неговите три синови (англиски: The King of England and his Three Sons) ― ромска бајка собрана од Џозеф Џејкобс во „Повеќе англиски бајки“. Тој како негов извор го навел „Во цигански шатори“ од Френсис Хиндс Грум, каде што информациите ги споделувал Џон Робертс, велшки Ром.[1] Грум ја објавил приказната под името „Стариот крал и неговите тројца синови во Англија“.[2]
Кралот на Англија и неговите три синови | |
---|---|
Замокот Мелвалес (од Џон Диксон Батен) | |
Народна сказна | |
Име: | Кралот на Англија и неговите три синови |
Позната како: | Стариот крал и неговите три англиски синови (An Old King and His Three Sons of England) |
Информации | |
Арни Томпсон група: | АТУ 551 |
Митологија: | Ромска |
Држава: | Англија |
Исто така друга варијанта од оваа приказна се појавува и во „Црвениот крал и вештерката: Цигански народни приказни и бајки“ од Рут Менинг-Сандерс, под насловот „Стариот крал и неговите тројца синови на Англија“.
Синопсис
уредиЕден стар крал можел да биде излечен само со златни јаболка од далечна земја. Неговите три сина тргнале да ги најдат, разделувајќи се по својот пат на една раскрсница. Најмладиот син пронашол куќа во шума, каде што еден старец го пречекал како кралски син и му рекол да го остави својот коњ во шталата и да земе за јаде. По оброкот, тој го прашал човекоткако знаел дека е кралски син, а човекот одговорил дека тој знае многу работи, вклучувајќи го и она што принцот го праевел. Тој му рекол на принцот дека ќе мора да преноќи таму истата ноќ, иако многу змии и жаби ќе ползеле по него, а ако се помрдне, тој самиот ќе се претвори во една.
Принцот спиел малку, но успеал да не се помрдне. Утрото, старецот му принел појадок, нов коњ и клопче волница кое требало да го фрли меѓу ушите на коњот. Кога принцот го фрлил и започнал да го брка, стигнал до братот на старецот, кој бил погрд од првиот брат. Кај него го добил истото гостопримство и истата непријатна ноќ, а додека пак овој брат го испрати кај третиот брат.
Кај третиот брат, кој бил уште погрд од вториот, му кажал дела мора да оди во замок. Таму, тој треба да им каже на лебедите да го однесат преку езерото до замокот. Замокот бил чуван од џинови, лавови и змејови, но тие ќе спиеле, па затоа мора да оди во 1 часот и да се врати до два. Тој би морал да премине низ некои големи простории, да се симне во кујната, а потоа да излезе во градината. И токму таму мора да ги набере јаболката. Ќе мора да се врати на истиот начин, а додека си оди, никогаш да не геда наназад затоа што ќе го гонат сè додека не пристигне до куќата на старецот.
Тој си легнал и овој пат братот го уверил дека ништо нема да го вознемирува и како што рекол, ништо го. Утредента старецот го предупредил да не се задржува заради убава жена.
Пристигнал до замокот и покрај лебедите таму видел убава жена. Го заменил својот гартер, златен часовник и џебно марамче за нејзините и ја бакнал. Откако ги добил јаболката морал да побегне со сета брзина, бидејќи тој еден час наскоро изминувал, но успеал да избега.
Старецот го однел до еден бунар и инсистирал принцот да му ја отсече главата на старецот и да ја фрли во бунарот. Ова го претворило во млад, убав човек, а неговата куќата во палата. Кај вториот брат добил нов кревет, без змии или пак жаби, и исто така му ја отсекол главата, истото се случило и со првиот.
Принцот повторно се сретнал со своите браќа. Тие му ги украле јаболките, а на нивно место ставиле други и продолжиле пред него. Кога пристигнал дома, неговите јаболка не биле добри како оние на брат му, па затоа татко му мислел дека се затруени и му наредил на поглаварот да му ја отсече главата. Наместо тоа, поглаварот го оставил во шумата. До него дошла мечка, па се искачил на дрво, но мечката успеала да го наговори да се симне. Мечката го однела до некои шатори, каде го пречекале и натерале да се пресоблече во убав млад човек, Џубал. Тој останал со нив и бил среќен, иако некаде го изгубил својот златен часовник. Еден ден, го забележал на дрвото каде што се качил за да се скрие од мечката и затоа се качил за повторно да го земе.
Во меѓувреме, принцезата, која сфатила дека еден од синовите на кралот бил таму, тргнала со војска. Кога стигнала до кралот, барала да ги види неговите синови. Кога дошол најстариот, тој кажал дека бил во нејзиниот замок, но кога таа го фрлила марамчето и тој одел преку него, си ја скршил ногата; потоа вториот брат го кажал истото, но и тој си ја скршил ногата одејки по марамчето. Таа сакала да знае дали кралот има уште синови; кралот ја испратил кај поглаварот, кој признал дека не го убил принцот. Кралот рекол дека мора да го пронајде неговиот син за да го спаси негивиот живот. Го пронашле Џубал, кој покажал на дрвото каде што бил принцот, и му рекле на принцот дека е потребно да се врати затоа што го бара една госпоѓа и така го однеле Џубал со себе. Тој не си ја искршил ногата одејќи преку марамчето, па така принцезата знаеше дека тој е принцот, затоа се венчаа и вратија назад во нејзиниот замок.
Анализа
уредиВид на приказна
уредиОваа бајка се класифицира во меѓународниот Арне-Томпсон-Утеровиот индекс како вид АТУ 551, „Синовите во потрага по прекрасен лек за нивниот татко“ или „Вода на животот“. Во овој вид на бајка се зборува за крал кој умира или ослепува и ги испраќа неговите три сина да го најдат единственото нешто кое би можело да го излечи.[3][4]
Мотивите
уредиЏејкобс забележал дека чест мотив е кралот и неговите три сина и дека ликот налик на Заспаната убавица се наоѓа во Перо.[1]
Во неколку варијанти, предметот кој можел да го излечи кралот (волшебна вода, маѓична птица или магични плодови) припаѓа на непозната принцеза или самовила во некое далечно кралство. На крајот од бајката , девицата од бајката или пак принцезата патува со својата војска или морнарица во кралството на принцот сакајќи да го најде човекот кој и ја украл маѓепсаната птица или магичната вода.[5][6][7]
Варијанти
уредиГрум објавил и друга велшко-ромска варијанта со наслов I Valín Kalo Pāni (исто како) („Шишето со црна вода“), каде што златните јаболка се заменети со титуларното шише исполнето црна вода како кралскиот лек.[8] Приказната на крајот била објавена во списанието на Gypsy Lore Society, од збирката на Џон Сампсон. Во оваа приказна, која е насловена како Valin Kōlō Pānī („Шише со црна вода“), еден крал е болен и ги испраќа своите тројца синови по шишето црна вода, како единствениот лек. Двајцата постари браќа го пуштиле најмладиот Џек, самиот да тргне во потрага. Еден старец го носи Џек и го насочува кон езерото, каде што треба да му заповеда на лебед да го однесе преку вода. Внатре во замокот сите спиеле, а Џек лежел во кревет со принцезата. И ги украл двата гартери и шишето со црна вода и си заминал. Џек се сретнал со своите браќа и им го подарува шишето. Додека тој одмарал, неговите браќа го замениле шишето со колба исполнета со друга течност. Кога Џек и неговите браќа се вратиле кај нивниот татко, постарите браќа ја преземале заслугата за делото, а Џек бил протеран од кралството затоа што не успеал во својата потрагата. Џек живеел во шумата, а неговата брада станувала се подолга со текот на времето. Принцезата ги посетила таткото на Џек и неговите браќа за да открие кој и го украл шишето со црна вода. Таа го препознала Џек како одгорвниот се делото и се венча со него.[9] Вилијам Реџиналд Халидеј, во своето мислење на приказната, ја поврзал приказната со германската приказна Der Wasser des Lebens („Водата на животот“), збирка од браќата Грим.[10]
Прилагодувања
уредиАнглискиот романописец Алан Гарнер ја прилагодил приказната како Замокот на Мелвалес, во неговата книга Алан Гарнерова книга со британски бајки. Неговата верзија ги именува принцовите Оливер, Валентин и Џек.[11]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Joseph Jacobs, More English Fairy Tales, "The King of England and his Three Sons" Архивирано на 27 април 2010 г.
- ↑ Groome, Francis Hindes. Gypsy Folk-Tales. London: Hurst & Blackett. 1899. стр. 220-232.
- ↑ Aarne, Antti; Thompson, Stith. The types of the folktale: a classification and bibliography. Folklore Fellows Communications FFC no. 184. Helsinki: Academia Scientiarum Fennica, 1961. стр. 195, 197.
- ↑ Uther, Hans-Jörg (2004). The Types of International Folktales: A Classification and Bibliography, Based on the System of Antti Aarne and Stith Thompson. Suomalainen Tiedeakatemia, Academia Scientiarum Fennica. стр. 320–321. ISBN 978-951-41-0963-8.
- ↑ "A tündérek kútja". In: Pap Gyula. Palóc népköltemények. Sárospatak: Nyomtatta Forster R. A. Red. Föiskola Betüivel. 1865. стр. 108-121.
- ↑ Aarne, Antti; Thompson, Stith. The types of the folktale: a classification and bibliography. Folklore Fellows Communications FFC no. 184. Helsinki: Academia Scientiarum Fennica, 1961. p. 197.
- ↑ Uther, Hans-Jörg (2004). The Types of International Folktales: A Classification and Bibliography, Based on the System of Antti Aarne and Stith Thompson. Suomalainen Tiedeakatemia, Academia Scientiarum Fennica. стр. 321. ISBN 978-951-41-0963-8.
- ↑ Groome, Francis Hindes (1899). Gypsy Folk-Tales. London: Hurst & Blackett. стр. 232.
- ↑ „I.Welsh Gypsy Folk-tales“. The Journal of the Gypsy Lore Society. Third series. 5: 49–57. 1926.
- ↑ „I.Welsh Gypsy Folk-tales“. The Journal of the Gypsy Lore Society. Third series. 5: 59–60. 1926.
- ↑ Garner, Alan. Alan Garner's Book of British fairy tales. New York: Delacorte Press, 1984. стр. 146-158, 160.