Краковски говор
Краковски говор - карактеристичeн за жителите на Краков и околината. Многу од наведените зборови и изрази можат да се сретнат исто така во Горна Шлеска и Подхале.
Неговите одлики се:
- карактеристичен назален изговор на „ą“ и „ę“, изговор на наставката „-ynka“, како во „ręka“ (на пр. [paɲεŋka])
- во малополските, вјелкополските и шлеските дијалекти покрај опструентите исто така се озвучуваат сонорантите (како и самогласките ј, ł, l, r, m, n, ń), на пр. „sok malinowy“ во стандардниот јазик (и мазовјецкиот дијалект) → „sokmalinowy“ во малополскиот дијалект (и не само) → „sogmalinowy“, „PSL“ → „peezel“ (секој назив на буква се смета како посебна морфема, па така доаѓа до озвучување кое го нема во зборот „pesel“). Почесто отколку во стандардниот доаѓа до озвучување не само на границата на изразите - „jeźli“, „-źmy“, итн., иако не е толку често. Во говорите на малополскиот дијалект озвучувањето се појавува дури и на граница на помалку забележливи морфеми – „jest-еm“ → „jezdem“, па дури и во необични контексти, на пр. „ślisko“ → „ślizgo“.
- Почетен зборовен акцент, преместување на акцентот на последниот слог во вокатив
- честа употреба на честичката „że“ во императив („weźże“, „idźże“, „zróbże“, „podajże“, cicho-że, cicho-żeż bądź)
- слевање на групите „t-sz“ и „d-ż“ во африкати „cz“ и „dż“. Тука разликите се аналогични како во озвучувањето – во стандардниот полски јазик тоа се јавува само пред опструенти. На пр. „drzwi“ → „dżwi“ (во внимателениот, неприроден изговор на „dżżwi“, во точниот „d-żwi“), но во „trzmiel“ → „cz-szmjel“ и во „trzy“ → „cz-szy“ (во внимателниот, неприроден изговор на „t-szmjel“, „t-szy“), додека пак во малополскиот дијалект исто така пред соноранти (заедно со самогласки) – „czmjel“ , „czy“.
- промена на бојата на назалните самогласки, понекогаш во комбинација со целосна деназализација (на пр. pięknie → piaŋknie, święty → świnty, klękać → klynkoć, gorąc → gorunc).
- прелабијализација на почетокот на зборот на „o“ (на пр. osiem → łosiem).