Коцел (кнез)
Коцел[a] (fl. 861–874) бил владетел на Словените во Долна Панонија. Тој бил вазал на Источните Франки со титула comes, и се смета дека владеел помеѓу 861 или 864 и 876.
Коцел бил втор син на Прибина, словенски dux поставен од Франките во Долна Панонија во ок. 838[1] или 840.[2] Боулус смета дека бил роден ок. 820.[1] Во 861, Коцел значајно донирал на манастирот Фрајзинг, што покажува дека имал солидна социјална и политичка положба.[3] Според Боулус, овој документ покажува дека Прибина починал, а Коцел го наследил.[4] Лудвиг Германецот го поставил Коцел како владетел во Долна Панонија во 864 г.[5] Коцел ја држел „Долна Панонија“ (Pannonia inferioris) во 865, кога архиепископот Адалвин од Салцбург два пати ги посетил неговите земји.[6] Во 869 год., Коцел побарал византискиот мисионер Методиј да биде испратен во Панонија како папски легат.[7] Во средината на летото, Коцел го испратил Методиј во Рим со дваесет луѓе да побараат негово издигнување за епископ.[7] Папата Адријан II го назначил Методиј за архиепископ на Срем, и испратил потврди, помеѓу другите и на Коцел, чии земји се наоѓале под таа јурисдикција.[8] Панонија била држена од Коцел и баварските маркгрофови во 871; Коцел уживал независност, што се гледа од неговите разговори со папата.[9] Коцел исчезнува од изворите после 874,[1] и бил веројатно веќе мртов или отстранет од функцијата ок. 876,[10] а веќе до 880 со сигурност веќе бил починат.[11]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Bowlus 1995, стр. 203.
- ↑ Bowlus 1995, стр. 325.
- ↑ Hellēnikē Hetaireia Slavikōn Meletōn 1999, стр. 92.
- ↑ Bowlus 1995, стр. 139.
- ↑ Goldberg 2006, стр. 273–274.
- ↑ Bowlus 1995, стр. 156.
- ↑ 7,0 7,1 Bowlus 1995, стр. 184.
- ↑ Bowlus 1995, стр. 185.
- ↑ Bowlus 1995, стр. 176.
- ↑ Bowlus 1995, стр. 201.
- ↑ Bowlus 1995, стр. 192.
Извори
уреди- Bowlus, Charles R. (1995). Franks, Moravians, and Magyars: The Struggle for the Middle Danube, 788-907. University of Pennsylvania Press. ISBN 978-0-8122-3276-9.
- Goldberg, Eric Joseph (2006). Struggle for Empire: Kingship and Conflict Under Louis the German, 817-876. Cornell University Press. ISBN 0-8014-3890-X.
- Hellēnikē Hetaireia Slavikōn Meletōn (1999). Thessaloniki, Magna Moravia: proceedings of the International conference, Thessaloniki, 16-19 october 1997. Hellenic Association for Slavic Studies. стр. 92. ISBN 9789608595934.