Косињски мост
Косињски мост – камен мост, долг седумдесет метри преку реката Лика, кој ги спојува Горен и Долен Косињ. Го проектирал Миливој Фрковиќ, и е изграден по урнек на старохрватската мостоградба, со техниката „вклинување на камења“. Мостот е единствен по отворите и лаковите кои имаат функција на растоварување на водениот бран при ударот во мостот.
Изградбата на мостот почната во 1929 година, а во декември 1936 година, бил пуштен во сообраќај. Должината на мостот со потпорните делови изнесува 70 метри, а ширината меѓу камените парапети е 5,5 метри.
Галерија
уреди-
Косињски мост
-
Кратка историја на мостот на плоча во Косињ
-
Поглед на мостот. Двете кружни отвори на мостот имаат намена да ја пропуштат водата за да не дојде до рушење на мостот.
-
Реката Лика и мостот
Надворешни врски
уреди- Слики на мостот Архивирано на 6 октомври 2015 г.