Корпоративно управување во Македонија

Корпоративното управување обезбедува структура низ која целите на компанијата се воспоставуваат, се дефинираат средствата за постигнување на тие цели и за следење и мониторинг на нивното остварување.

Вовед во корпоративно управување

уреди

Некои дефиниции го ограничуваат значењето на корпоративното управување само на односите во самата компанија, други го потенцираат и неговото значење за релевантната општествена рамка. Некои се фокусираат на финансиските аспекти на корпоративното управување, некои на неговата правна заднина, додека сепак, сè поголем е бројот на дефинициите со кои се прави обид што подетално и што поцелосно да се специфицира структурата на корпоративното управување.

Неколку примери за дефинирање на корпоративното управување се:

Џејмс Волфенсон, кој е деветтиот по ред претседател на Групацијата на Светската банка, самиот потекнува од бизнисот со инвестиции и консалтинг на корпорации и влади, ја презентирал можеби најкусата дефиниција за корпоративното управување:

„Корпоративното управување значи промовирање на фер-релации, транспарентност и одговорност“

.

Професорите Андреј Шлајфер (од Харвард) и Роберт В. Вишни (од Чикашкиот универзитет), се реномирани истражувачи во областа на финансиите и пазарите на капитал, се согласуваат во следново:

„корпоративното управување се однесува на начините на кои финансиерите на корпорациите се обезбедуваат дека инвестициите ќе им се вратат“

.

Професорот Хенрик Матјесен од Центарот за корпоративно управување на Копенхагенската бизнис школа во 1999 ја скицирал, а во 2002 година ја заокружил денес мошне користената дефиниција за корпоративното управување:

„корпоративното управување е област на економијата што ги истражува начините на кои преку примена на механизми за поттикнување, какви што се договорите, организацискиот дизајн и регулативата, се обезбедува ефикасен менаџмент на корпорациите. Тоа честопати се ограничува на прашањето за подобрување на финансиските перформанси, на пример – како сопствениците на корпорациите можат да ги мотивираат менаџерите во корпорацијата да обезбедат конкурентен принос“

.

Сер Адријан Кадбери, кој е промотер на дебатата за корпоративното управување, стопанственик и долгогодишен директор на Банката на Англија, го објаснува следново:

„корпоративното управување е насочено кон одржувањето рамнотежа меѓу економските и општествените цели, и меѓу целите на поединецот и целите на заедницата. Рамката на корпоративното управување треба да охрабри ефикасно користење на ресурсите со истовремено инсистирање на одговорност од страна на оние кои управуваат со ресурсите. Целта е интересите на поединците, корпорациите и општеството што повеќе да се доближат“

.

Професорот по корпоративно управување на Универзитетот во Кембриџ, Симон Дикин, вели дека:

„корпоративното управување го означува начинот на кој се водат и контролираат компаниите. Доброто управување е неопходна состојка на корпоративниот успех и на одржливиот економски раст. Истражувањата во областа на управувањето треба да се потпираат на интердисциплинарна анализа, пред сè на економија и право, на добро познавање на современата деловна пракса кое произлегува од продлабочени емпириски студии во национални рамки“

.

Маргарет Блер, економист, професорка по менаџерско право на Универзитетот Вандербилт, САД, смета дека:

„корпоративното управување претставува склоп од правни, културни и институционални активности кои точно одредуваат што ќе работат јавните корпорации, кој нив ќе ги контролира, како ќе се извршуваа таа контрола, и како ќе се распределуваат ризиците и добивката од активностите што корпорациите ги преземале“

.

Различниот приод кон дефинирањето на корпоративното управување зависи од сфера на запознаеност на авторите на дефинициите. Таа врши јасна дистинкција меѓу капиталот (акционерите), управувањето со капиталот (управниот одбор) и менаџментот (извршните функции, раководењето).

Теоретски дел

уреди

Корпоративно управување на компаниите во Р Македонија

уреди

Проблематиката на корпоративно управување во компаниите во Република Македонија се актуелизираше во последните неколку години. Главна причина за тоа е фактот што со привршувањето на процесот на приватизација на општествените и во еден дел, на државните претпријатија, се потенцираа предизвиците за комплетно уредување на соработката што се воспоставува во компаниите, но и односите помеѓу компаниите и пошироката средина. Со ваков тип на предизвици се соочувале досегашните пазарни економии, вклучувајќи ги и оние со најстара традиција. Се работи за односи поврзани со сопственоста врз капиталот, со донесувањето одлуки за тоа како ќе се управува со капиталот, начинот на кој ќе се делегира овластувањето за донесување одлука, ќе се извршуваат одлуките и како ќе се обезбедува контрола врз нивното реализирање со цел да се заштити сопственоста и правата на сопствениците на капиталот. Тие односи го вклучуваат и системот на комуникации што компаниите го практикуваат и одржуваат со деловните партнери, владата, кредиторите и со граѓанската средина. Значи, станува збор за мошне широк опфат на вклучени страни („засегнати лица“), од кои секоја има различни цели и интереси во врска со компанијата. Сопствениците на капиталот настојуваат, постојано и сè повеќе, да ја зголемуваат добивката; менаџерите и директорите се обидуваат да ја максимираат наградата што ја добиваат за раководење со/во компанијата и што повеќе да ги изразат своите капацитети. На кредиторите им е важно не само да ги пласираат средствата, туку и да го осигурат нивниот поврат по што е можно поповолни услови за нив.

Но, со воведување на добро корпоративно управување во компаниите се создаваат услови за сведување на конфликтите што постојат помеѓу целите и интересите на различните вклучени страни (засегнатите лица) на најниско или најприфатливо ниво.

Друга причина за актуелизирање на корпоративното управување во Македонија е отворањето на македонската економија кон светските пазари и, со тоа, нејзиното приклучување кон процесите на глобализација.

Стандардизација на процесите

уреди

Воведувањето на корпоративно управување не значи ништо друго туку стандардизација на процесите, процедурите и однесувањето во компаниите, која се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето, секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата. Како и кај секоја друга стандардизација, нејзина цел е намалување на неизвесноста и ризикот од стапување во релации со компанијата, а во овој случај, особено е важна целта за зголемување на довербата во компанијата. Прифаќањето на ваков, стандардизиран пристап кон управувањето и водењето на бизнисот, им носи на компаниите посебен вид додадена вредност – вредност произлезена од работење во етички рамки. Во компаниите со добро корпоративно управување одлуките не се носат само со цел да се оствари економскиот интерес, туку и со цел таквите одлуки да не ги повредат интересите на останатите вклучени страни.

Една од најзначајните одлики на компаниите со добро корпоративно управување е нивната посветеност да одржуваат висок степен на транспарентност што се демонстрира преку постојано известување за состојбите во компаниите. Во терминологијата за корпоративно управување ваквата транспарентност е позната како обелоденување на податоци и информации за компаниите. Компаниите со добро корпоративно управување се придржуваат кон посебни правила за известување. Ова има посебно значење за компаниите кои излегуваат на пазарот на капитал.

За да можат да донесат одлука дали да инвестираат во некоја компанија, инвеститорите сакаат да бидат сигурни каде вложуваат со цел таквите вложувања да не им донесат штети или загуби. Стандардизираните системи на обелоденување на податоци и информации за компаниите, заедно со стандардизираните практики на работењето на компаниите воопшто, даваат сигурност на инвеститорите дека вложувањето се врши во услови на минимизиран ризик. За да се постигне целта на фер, коректни и транспарентни односи на пазарот, бил започнат процес на приближување на регулативите што се однесуваат на корпоративното управување. Овој процес можете да го сфатите како воведување на корпорациски јазик кој можат да го разберат сите пазарни учесници. Тоа се остварува преку градење на регулативи во земјите врз основа на принципи за кои е постигнат договор во меѓународни рамки. Кога ја развива сопствената регулатива, секоја земја треба да поаѓа од специфичностите на нејзиниот корпоративен амбиент, но во исто време, треба да се труди колку што е можно повеќе истата да ја втемелува врз општоприфатените стандарди и принципи. Прилагодувањето на регулативите кон принципите договорени на глобално ниво, во голем дел значи и прифаќање на заедничка рамка за добро корпоративно управување во компаниите.

Причини за развојот на корпоративното управување

уреди

Корпоративното управување станува сè позначајно прашање за македонската економија. Компаниите, регулаторите и Владата му посветуваат сè повеќе внимание. Постојат две основни причини за ваквиот развој, а тие се следните:

1. силниот бран на програми за приватизација од средината на 1990-тите години резултираше во променета бизнис клима, воспоставување на нова законска и институционална рамка, во која беа вклучени и Законот за трговски друштва, Законот за хартии од вредност, Законот за преземање на акционерски друштва, како и Законот за инвестициони фондови.

2. процесот на глобализација придонесе за стандардизација на практиките на корпоративно управување во светот, а македонската економија нема многу избор во смисла на тоа дали да ги примени овие стандарди, туку само можност истите да ги усогласи кон националните потреби. Во партнерство со Меѓународната финансиска корпорација, Државнот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) имплементира тригодишен проект за корпоративно управување во Македонија и во останатите земји во транзиција од Југоисточна Европа. Овој проект е дел од долгорочната програма за соработка меѓу Швајцарија и Македонија, чија цел е намалување на сиромаштијата и овозможување на успешен меѓународен, економски и општествен процес на транзиција. Швајцарско-македонската соработка, која во последните 12 години достигна износ до 100 милиони CHF, е во функција на поддршка на демократското управување, основната инфраструктура и социјалните услуги, како и во функција на здрав економски развој на Македонија.

Цел на корпоративното управување

уреди

1) да им помогне на компаниите и банките да ја подобрат практиката на корпоративното управување,

2) да ги поддржи институциите од јавниот сектор да воспостават ефективни рамки за корпоративно управување и

3) да им помогне на образовните институции за вклучување на содржини за корпоративно управување во нивните наставни програми. Помагајќи го развојот на практиките на добро корпоративно управување во Македонија, и помага на земјата да ја зголеми својата атрактивност за инвеститорите.

Доброто корпоративно управување придонесува за одржлив економски развој преку подобрување на перформансите на компаниите и на нивниот пристап кон надворешни извори на капитал. Тоа ја зголемува профитабилноста на компаниите и овозможува побрз раст. Доброто Корпоративно Управување треба да обезбеди соодветни поттици за одборот на директори и менаџментот да ги остварат целите кои се во интерес на компанијата и акционерите и кои треба да обезбедат делотворен мониторинг, и со тоа да ја охрабрат фирмата ефикасно да ги користи своите ресурси.

Принципи на корпоративното управување

уреди
  • Обезбедување на основи за делотворна рамка на корпоративно управување
  • Правата на акционерите и клучни сопственички функции
  • Еднаков третман на акционерите
  • Улога на сите чинители (заинтересирани страни) во корпоративното управување
  • Обелоденување на податоци и транспарентност
  • Одговорност на одборот на директори

Поим на корпоративно управување во банките

уреди

Со ефикасно работење и традиција се формира ново поглавје во банкарската култура, кое претставува темел на работењето на вработените при работата со клиентите, акционерите, финансиските аналитичари и останатата јавност. Банката воспоставува транспарентен и разбирлив систем на управување и тој го зголемува нивото на доверба кај домашните, кај странските инвеститори и кај вработените.

Корпоративното управување во Банка претставува збир од заемни односи меѓу Управниот одбор, Надзорниот одбор, другите лица со посебни права и одговорности кои извршуваат раководна функција во Банката, акционерите на Банката и останатите заинтересирани субјекти. Корпоративното управување се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето и во секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата.

Обезбедување на транспарентност на корпоративното управување во банката

уреди

Ефикасно корпоративно управување претпоставува обезбедување на транспарентност во однос на стратешките цели на банката, структурата на органите на управување на банката и слично.

Осцилациите на берзите - намалувањето на индексите, нивното „земање здив“ па продолжување надолу, како и паѓањето на цените на акциите најмногу, со право, дури единствено (без право) се поврзуваат со случувањата на финансиските пазари во Европа. Постои нешто друго како услов за додржување пред ветриштата на кризата, па и успех- напредок во вакво „невреме“, а кое македонските компании или воопшто не го есапат или им е познато, ама не им одговара да го применат поради лични, тесни, полит - олигархиски интереси: транспарентност. Која, пак, најдиректно се поврзува со корпоративното раководење со фирмите - компаниите што со децении мошне успешно се применува во развиениот западен свет. Кај нас одговорните (менаџерите) малку, повеќето вооппто не ја познаваат ниту неговата суштина.

Одлука за основни начела на корпоративното управување во банка

уреди

Главен недостиг на балканските компании е слабата транспарентност

уреди

Со отворањето на пазарите од овој регион кон конкуренцијата од Европа, домашните компании сè повеќе се соочуваат со своите конкуренти кои ги применуваат стандардите на корпоративно управување. За компаниите да останат конкурентни, постои едно решение - унапредувањето на корпоративното управување.

Доделување сертификати на компании со добро корпоративно управување во 2008 година

уреди

12.12.2008 По повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9 декември, "Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на северозападна Македонија, во рамки на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, традиционално ќе се доделат сертификати на компании со добро корпоративно управување во 2008 година.

Комитетот за избор врз основа на методологијата за избор, доделил сертификати за 2008 година на следниве компании: ПроКредит Банка, Макпетрол, Охридска Банка, НЛБ Тутунска Банка, Комерцијална Банка, Стопанска Банка, АСП-ПАК, Фармахем, Макстил, Раде Кончар сервис за поправка на електрични производи, Кнауф Радика, Агипро, Геопром, Ренова, Инет, Реде Кончар ТЕП, Еуролинк, Виталиа и Тетекс. [1] Архивирано на 4 март 2016 г.

Стратегиско насочување на компанија

уреди
  • Стратегија
  • Цели на стратегија
  • Диференцијација
  • Оперативна ефикасност
  • Различност
  • Што нема да се прави

Органи на управување во компанија

уреди
  • Орган на кој му е доверено управувањето на друштвото:

a) Едностепен систем – Одбор на директори Одборот на директори постапува на потполно информирана основа, во добра намера, со соодветно внимание и грижа и во најдобар интерес на компнијата и на акционерите

Клучни функции:

  • Оценка и насочување на клучни корпоративни документи
  • Следење на ефикасност на политика на управување во компанијата
  • Следење на високиот менаџмент
  • Надоместоци на директори и менаџери
  • Процес на номинирање
  • Следење на можни конфликти на интереси
  • Интегритет на корпоративно сметководство и системи на финансискио известување
  • Објективна независна оценка на корпоративни прашања

б) Двостепен систем – Управен одбор/Управител

  • Акционерско собрание
  • Надзорен одбор - врши надзор врз работењето на Управниот одбор, ги одобрува политиките за вршење на финансиски активности и го надгледува нивното спроведување.
  • Овластувања на извршни членови на одбор на директори/Управен одбор
  • Обврски на директорите – надминување на проблем на агентство

- Должно внимание - Лојалност кон компанија и акционери - Забрана на конфликт на интереси - Обврска за совесност и чесност [2]

Поврзано

уреди

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди