Корпоративен имиџ

Корпоративен имиџ се однесува на тоа како корпорацијата е перципирана. Тоа е општо прифатена слика за „што се залага“ компанијата. Создавањето на корпоративниот имиџ е дел од стварањето перцептивен менаџмент. Првенствено се создава од маркетинг експерти кои ги користат јавните односи и други форми на промоции за да ја сугерираат менталната слика кон јавноста. Вообичаено, корпоративниот имиџ е дизајниран за да биде привлечен за јавноста, за компанијата да може да предизвика интерес помеѓу купувачите, да создава мислење, генерира непристрасност кон марката, и со тоа ја олеснува производната продажбата.

Имиџот на корпорацијата не е создаден единствено од страна на компанијата. Други учесници кон имиџот на компанијата може да бидат и медиумите, новинарите, синдикатите, организациите за заштита на животната средина, и други НВО.

Корпорациите не се единствената форма на организации кои ги создаваат овие типови на имиџ. Владите, добротворните организации, религиозните организации, политичките организации и образовните организации сите се стремат кон уникатен имиџ, имиџ кој делумно намерно и делумно случајно, делумно само-создаден и делумно надворешно наметнат.