Корпоративна култура
Корпоративната култура го претставува начинот на однесување на вработените во организацијата во насока на остварување на нејзината визија, цели и мисија. Корпоративната култура се состои од вредносни принципи врз кои се заснова однесувањето на вработените во организацијата. Таа е еден од факторите кои влијаат врз можностите на организацијата да спроведе иновативни работни процеси и да ги мотивира вработените.[1]
Според Роберт Е. Квин и Ким. С. камерон, постојат четири типа корпоративна култура:[2]
- семејна - таа се заснова врз менторски пристап, негување на одностите и „правење на нештата заедно“,
- флексибилна (неформална) - овој тип е динамички и претприемнички со фокус врз преземање ризици, иновации и „правење на нештата први“,
- пазарна - ориентиран кон резултати со фокус врз конкуренцијата и „постигнување на завршена работа“,
- хиерархиска - овој тип е структуриран и контролиран со фокус врз ефикасност, стабилност и „правење на нештата правилно“.
Наводи
уреди- ↑ Катерина Бошевска, „Корпоративната култура клучен придонес кон успехот на една компанија“, Економија и бизнис, година 21, број 253, септември 2019, стр. 64.
- ↑ Катерина Бошевска, „Корпоративната култура клучен придонес кон успехот на една компанија“, Економија и бизнис, година 21, број 253, септември 2019, стр. 65-66.