Вовед

Едното со другото е толку тесно поврзано, што не можe да ги раздели тие две страни. Дури се обрнало внимание луѓе од народот за едно верување. Ако имаш некое лошо насетување, ако нешто те мачи, немој да го именуваш. Сè дури не го именуваш во твојот сопствен опит, тоа е нешто аморфно, едно аморфно чувство. Уште тоа не е факт на твојот опит. Ама, ако го именуваш, тогаш ти како да си го оттишил грнецот со злиот дух и веќе нешто станува факт, што не би морало да добие таков статус. Усвојувањето на нов опит толку е тесно сврзано со тоа, со именувањето, односно со јазичниот израз... Зборот го претвора во објект и за другите она што било можеби за нас само едно субјективно чувство првобитно, едно субјективно доживување. Кога ќе се именува тоа, тогаш дури таа содржина добива статус на објект и за нас. Ние можеме тогаш тоа да го разгледуваме како нешто објективно дадено и за другите

Јазикот бара општествена санкција

Јазикот секогаш бара општествена санкција. За да стане нешто факт на јазикот, тоа треба да биде усвоено во општеството. Спрема тоа, тоа не исклучува, ами дури и претполага учество на одделните говорители на јазикот. Да речеме, ако се работи за една иновација, за некој збор, нова комбинација на зборовите, но сето тоа мора да добие општествена санкција за да стане факт на јазикот. Инаку, ако не добие таква општествена санкција, тоа е една, како што се вели, оказионална јазична форма и за неа е одговорен само оној што ја создал. И тој не треба, а тоа го прават некои писатели, да смета дека речниците се должни да ги нотираат нивните иновации.

Околу грижата за јазикот

Во секоја средина се полагаат грижи за јазикот. Дури се говори и за таканаречена јазична политика. Од зрелоста на средината зависи како ја води политиката воопшто, па и јазичната политика. Без политика не може да се живее, ама таа може да се води и добро, и здраво, и катастрофално. Па спрема тоа не е автоматски решено дека јазикот ќе има полза од тоа што некои за него сакаат да пројават грижа. Зависи колку се тие способни таа грижа да ја положат... Тој израз „да се брани” (јазикот) малку несвојствен. Основно дали еден јазик е средство на една духовна жива активност? Како таков тој нема од што да се брани. А ако тој не е средство што служи за изразување на една таква духовна активност во една средина, пак нема зошто да се брани. Тогаш не е ни способен за функцијата што му била наменета. Средината што сака тој јазик да го акктивира како средство на современо општење и творење, да биде способна за тоа. Ако не е способна, тогаш зошто е тој напор?

Изумирање на еден јазик?

За тоа решава историјата. Ние рековме дека јазикот ја дели судбината на народот. Инаку, самиот јазик по себе не содржи клици на умирање. Некои народи исчезнуваат од историската сцена, со тоа и нивните јазици. Некои народи се трансформираат во други народи. Имате еден јазик да даде почетоци на цела јазична група. Сето тоа станува во историјата. И, се разбира, тука не е во прашање јазикот, ами е во прашање историјата на насителите на тој јазик.

За милозвучноста на еден јазик

Се тврди дека еден јазик е помилозвучен од друг, но сето тоа е многу сврзано со некои индивидуални становишта, субјективни чувствувања. Всушност, како што можеме да правиме разлика меѓу музичките инструменти, а не можеме да кажеме дека добар мајстор не може да свири на даден инструмент, кој и да било. Така исто и во однос на јазиците. Многу значи кој го употребува јазикот. И тука навлегуваме веќе во областа на стилот. Било да е тоа говорен стил или стил во писмениот јазик. Ако еден спикер добро говори, ако неговиот глас е пријатен, ако она што го кажува звучи промислено од стилска гледна точка, тогаш вие имате еден впечаток убав од дадената реализација на конкретниот јазик. Истиот тој јазик во устата и под перото на некој друг може да звучи очајно. (Се смее). Нам ни е дадена можноста за подбор на јазичните елементи. Подборот на јазичните елементи - тоа и ја чини основата на стилот. Ако човек не знае во својот јазик да направи еден соодветен избор на елементите, соодветен, адекватен и на она што го кажува, тогаш јазикот, потфрла. А ако знае тоа да го направи, тогаш јазикот, дури и со некои својства што можат некому субјективно да му звучат како не дотаму пријатни, може да создаде добар впечаток . 4

... Тоа е многу субјективна работа и често пати ни се чини помилозвучно она што ни е поблиску, со што сме свикнале ние. Оние, што унгарскиот го знаат веројатно тој многу убаво им звучи. А особено на оние што тој јазик можат да го доживуваат преку убавите стилски обрасци, на пример, преку поезијата на Петефи.Англискиот јазик звуче многу чудно. А, еве сега сме ние истите. И, сега ни звучи многу помилозвучно, бидејќи веќе сме свикнале со тие комбинации, што ни биле чудни во почетокот. И можеме ли сега да судиме по своето субјективно чувство за тоа дека некој јазик е помилозвучен? Не можеме да правиме хиерархија. А ние може да кажеме што ни се чини нам помилозвучно, на нашиот слух, што го гали нашиот слух. Тоа ние можеме да го кажеме. Тоа не обврзува никого, освен што зборува за нашиот вкус. Но, хиерархија да се прави, тоа е многу тешко.

Билингвизмот како појава

Тоа е обична појава, во многу средини да имаме во употреба два или три јазици. Или повеќе јазици. Отсекогаш. Ние истакнуваме - јазикот не е некоја самостојна, апсолутна дејност. Јазикот е сврзан со луѓето, со нивната ситуација. За билингвизам се говори ако тој постои во поширока средина. Во друг случај се употребува терминот познавање на јазици. А во светот има многу средини, кај што во различна мера е застапен билингвизмот или полилингвизмот. Има различни ситуации и различно се постапува спрема односите во дадена земја. На пример, познато ми е дека и до денеска во Финска студентот може, тоа ми го кажувале колеги од Финска, да избира на испитот јазик на кој ќе одговара: фински или шведски. А тоа е историски наследена ситуација, иако сега е во Финска незначително шведското малцинство. Но, културната традиција на Финска довела до една таква ситуација. Улиците во Хелсинки се секаде испишани двојазично. На фински и на шведски јазик. Ете еден пример за таква двојазичност во конкретни историски услови и со конкретни последици во културната комуникација и денеска. Иако се работи само за една традиција, не за некаков императив. Секој еден преглед на јазичната ситуација во светот безброј примери дава за употребата на повеќе јазици на дадена територија. И секоја ситуација си носи некои свои карактеристики. Оние што сметале дека треба да полемизираат, веројатно е тоа за нив нешто многу важно, нешто нејасно, што треба да се расчистува.

Јазици на разни групи, жаргони, сленгови...

Тоа е исто појава сврзана со социјалната ситуација. Јазикот не е нешто унифицирано. Секој од нас, приспособувајќи се кон животните околноси, зборува на различни начини. Поинаку зборуваме дома, поинаку зборуваме со своите стари, со својата мајка, со својот татко, отколку што зборуваме на катедра. Или кога држиме некој говор, кога настапуваме преку телевизија или по радио и така натака. Неприродно е човек да говори на ист начин. А, се разбира, во една професионална група, или во една социјална група потесно сврзана, нормално се јавуваат така да кажам, спонтано се изнаоѓаат начини за поблиско препознавање, за идентификација на таа група, преку подбор на јазични својства. Тоа може да биде и потреба на самата професија или на дадената социјална група, што може да оди до тоа таа да се затвора наспрема други социјални групи. Она што се соопштува во нејзините рамки, да не биде така лесно дешифрирано од луѓе што не треба да бидат упатени во животот на таа група. Има многу причини поради кои е нормално создавањето на такви стилови, жаргони, сленгови и така натака, професионални дијалекти, како што сакате тоа да го наречете, така наречете го... Тоа не е никакво деформирање. Не треба да тргаме само од тоа дека има правопис, јазик создаден по некаков пропис и недај боже некој да пипне во него. Всушност, има во животот различни манифестации на јазичната дејност. Друго е литературен јазик. Во литературниот јазик друго е писмен јазик, писмена форма. Друго е говорна форма. Друго е разговорен јазик или просторечие. Друго е јазик фамилијарен. Друго е јазик професионален. Друго е јазик на социјална група и така натака. Сето тоа е јазична дејност. А ние ако тргаме од тоа дека се канонизира нешто како идеална јазична слика, тоа може приближно да се однесува за писмената форма на литературниот јазик или националниот јазик. И тоа приближно. А ни најмалку не значи дека употребувањето на други форми во јазичната дејност значи рушење на таа норма. Единствено што треба, да постои чувство кога која форма јазична се активира. Пример: подобро е човек да има два костума, отколку еден. Едниот да му е за делник, а другиот за празник. Само треба да знае дека костумот, што е за секој ден, не се носи на Велигден, или не се носи в театар. И обратно

За јазичните стереотипи

Имаме и такви говорни пројави што ни се совршено неинтересни, бидејќи знаеме по кој калап тие одат и предвидуваме што ќе следува. И во обноските, и во она што е традиционален протокол, и во самиот говор, бидејќи говорот тогаш се потчинува на тие обноски, на тоа држење, на тој протокол. Многу е здодевно кога некои луѓе не можат од тие рамки да излезат и барем некоја капка на оригиналност да додадат кон тоа што ние го подразбираме дека ќе следува. Познато ни е тоа сценарио по кое се води традиционалниот протокол. И, познати ни се сите шеми на традиционалното искажување. Меѓутоа, зависи колку човек може во тие рамки да нијансира, па да внесе дури и една, нотка на хумор... Духовитост. Со свест дека тој следи некои норми, но и е свесен за нивната релативност. Е, тоа, сега, не може да се пропише. Тоа зависи од човека. И, интересни се оние луѓе, што не отстапувајќи често пати од дадените традиционални рамки, знаат да ги оживеат со нешто свое.




EГЗОРЦИЗАМ

уреди

Поседувањето измегу егзорцизамот и телото

уреди

Што е поседување и знаци

уреди

Христијанството и егзорцизмот

уреди

Еврејска историја на егзорцизам

уреди

Исламот и егзорцизамот

уреди

Хинду историјата за егзорцизам

уреди

Будизмот и егзорцизмот

уреди

Неколку поважни податоци во врска со егзорцизмот

уреди

Вовед

Егзорцизмот во суштина е обред на ослободување на човекот од демонот кој го обземал неговото тело. Што всушност е егзорцизмот и дали треба да се плашиме од неговата опседнатост? Злобниот дух може да се истера само со помош на молитви за отргнување и може да му се нареди да си оди (императивен начин). Што се однесува до императивната метода,за тоа треба да има титула егзорцист, со други зборови,свештеникот мора да има дозвола од Ординаријата за да се врши обредот во име на Црквата. Егзорцизам доага од грчките зборови εξορκίζω - што значи поседување некого, заколнување и εξορμάω- истерување. Зборот всушност значи поседување на мок умеење, дар за истерување на злобните духови од тела на луге. Овој поим и значење е споменуван низ многу верски религии и од никоја не е негиран

Поседувањето измегу егзорцизамот и телото

Кога се работи за егозорцизмот во врска со неговото спроведување е доста неповрзано за некои суштински работи , но не и изводливо за скоро секој вид. Разликата измегу поседувањето на место, тело и слично е доста неприфатлива за тоа што навистина се бара за потоа извршување на првенција доколку е можно,во спротивно тоа нешто или духот доколку се работи за една опширна теза на религии е непобедливо т.е. духот останува таму каде што е. Поседувањето на дух како што го нарековме е неприфатливо за науката и се разбира нереално бидеки таа се занимава само со факти и не признава ништо друго освен самиот факт. Како и да е и покрај големите противења кој денес ова однесување на телото и личноста на ваков начин го противречат е наречено некој вид на психолошко заболување. И покрај големите убедувања дека навистина не е , со подетални испитувања на вредни работници и научници било сменето мислењето за само еден час после надбљудуваната појава што се докажува спротивното. Поседувањето на т.н. дух не е измислено од денешното современство тоа е факт и како таков стои низ многу столетија , на некои места запишано а на некои видено. Но што би се случило и покрај се кога би ја прифатиле оваа појава како таква или на пример би се соочиле несакајки , дали навистина ке потклекнеме на незаинтересираноста на тоа дека ‘егзоцизмот е страшен поим и не сакам да ми зборувате за тоа ‘ или би се едуцирале за општи работи кои би ни биле корисни со што сме со тоа во предност ... Со оглед на тоа колку сме постапиле разумно така би го донеле и ова решение и без разлика дали се работи за човек или место тоа нас не би ни менувало се додека не се случи и живееме сега засега во нашата т.н. зона на конфор.

Што е поседување и знаци

Кога се работи за поседување на тело значи злобниот дух да влезе и ги земи сите ментални и физички способности на жртвата, но сепак душата да биде и остане во искушение дали да остани непоразена , поразена или би ја корестело тоа во него/а бесплатно. Сатаната или духот може да влезе без согласнот на жртвата и како таква да делува исто така. Исто така еден т.н. дух не значи дека може да делува сам и како таков облик со кој би можеле ние едноставно да забележиме. Тоа е рамо до рамо со многу други слични злобни духови на страс, омраза, уништување, самоубиство, одмазда, гнев, страв, очај, смрт, страдање, итн. Класичен пример и општо познат е кога Исус ги брка демоните од телото на човек кој се опишани многу кратко во Библијата но и не едниствениот запис за тоа познат како исцелување. Доколку еден човек е опседнат со најсигурни знаци кои се карактеристични за ова би биле следниве : • Жртвата зборува непознати јазици или ги разбира без претходо учење или да слуша • Жртвата јасно знае работи кои се оддалечени или скриени • Жртвата може да ги предвидува идните настани ( обично преку соништата) • Жртвата има интензивна омраза кон светите нешта • Жртвата покажува т.н. АЛ сила што е далеку од нормалната состојба Други знаци кои би се објанила ова поседување за тело се и :

• Надворешна болка- се занимава со строго физичко страдање. Ова може да биде во обик на тепање и повреди од страна на необјасливо туркање, пагање на обиекти и слично. • Гаволско поседување – е наголемата форма на демонската активност, што овозможува континуирано присуство на демонот во човечкото тело. Овој симптом на мора да значи континуирана појава може да биде и во облик на подолг или наизменичен кризен период во вид на долг одмор или исцрпување на телото до предоволен замор. • Гаволско угнетување – е откуп на непријаност. Лицето обично се затвора само во себе и грижата за себе и се од него ја доведува до целосна изолација. • Гаволска опсесија – е еден вид на расцепување на личноста. Тука се мисли на изборот за поддршката или продолжувањето обично на почетокот кога се опседнува и крајот кога се вршни финалното дејство на егзорцизмот. • Гаволско потчинување – всушност го објаснува доброволниот пакт измегу самиот дух и злобниот дух во него што доведува до потполно потчинување или владеење врз менталните и физичките способности на телото и разумот. Поседувањето на злобен дух во тело не може да значи поседување само по себе некогаш не сакајки или да самите сме го предизвикале со тоа што сме го направиле свесно или не. Најлесното правење за да може еден дух да влезе во телото или неа/него е преку барањето на самиот дух. Обично се опседнати оние кои се емотивно ранливи , во заблуда или пак немаат чиста и јасна визија за тоа нешто а се случува само по себе. Најтрагично е поседувањето на оние кои го предизвикуваат а не знаат и самите што всушност значи тоа дури не се случило. Но сепак тука е правењето на егзорцизмот кое може да ни послужи но не и секогаш. Се разбира не може секој обичен човек да го прави тоа,за тоа би требало да се има доволно познавање и дозвола од одредената религија која се занимава со ова област и води посебна грижа бидеки како такви се тука најслаби или најсилно во зависност од случајот кој што се работи. Значи како што би се подразбирало сега егзорцизмот не значи појава која би требало да не застрашува туку некој вид на обред со кој би се извршил со цел да се спречи тоа што не сакаме. Целата таа постапка или обред во зависност од кој аспект се гледа и религија го испитува ова се направени многу записи а во денешно време дури и филмови кој тврдат дека се вистините но сепак не секој. Егзорцизамот како таков сепак не би можеле и толку лесно да го прифатиме како алтернатива за дадената ситуација , тоа е погрешно размислување. Егзорцизмот е само една постапка со која сме пола на пола за тоа дали ке успееме во нашата намера за извлекување на духот , тој во секој случај ние нема да можеме да го убиеме , да расчистиме. Ние само значи го бркаме злобниот дух од местото или телото или барем да кажеме дека се обидуваме а спретноста наша или обуката на тој кој го врши тоа зависи дали злобниот демон ке влези или настани повторно во некое друго тело или место. Исто така прифатено и општо за сите религии е дела тоа го врши само посебен човек кој е доволно обучен но по правило секогаш мора да биде машко. Мегу старите Египјани и Вавилноци овој човек кои ги правел овие работи а кои и воеедно се забележани и датираат од тогашното време се наречени Шаман исцелувачи. Вистинските егзорцистички постапки во некои релгии имаат елементи од племињата кои живееле од овие места кои и ден денес се применуваат.


Христијанството и егзорцизмот

Знаеме дека историјата за егзорцизмот датира уште од времето на Исус т.е.Новиот завет каде што детално и на не многу стресен начин е покажано вршењето на егзорцизам. Најкарактеристично за ова е кога Исус ги бркаа Легиите од телото на некој човек во но со оглед на спретноста која ја имал и записите на Библијата се покажува како одличен егзорцист а тогаш познат и запишан во Библијата како исцелувал ,со тоа што и ги заробува и покрај тоа што ги протерал. Во врска со денешнината и посовременото време се направени голем број филмови како што споменавме претходно но по принцип сите тие се градени врз основа на христијанската религија со кој што се сака да се кажи дека егзорцизмот го врши човек од христијанската религија. Се разбира и тука е општо познато правило за тоа дека секој не може да врши таква работа за кој обвластено за денешнината за оваа дејност е црквата или управата во Ватикан со кој самата таа преку тајност ги избира овие лица и му ја дава потребната поддршка и подпора за тоа кое ке го прават но сепак со согласнот од кандидатот кој би се пријавил за ова и дали би сакал и понатаму да се посвети и прави тоа т.е. егзорцизам. Но вусшност кој се се нарекува егзорхист е не повеке или помалку важно искуството. Во записите на некој Канон во 1172 година кажува дека егозрхист не е оној кој ги направил своите ментални способности да не се плаши од самата злоба пред него и знае како да се однесува без да му наштети. Виситински егзорхост е оној кој ке го избрка во најмала мера демонот од телото и притоа не остави да влези во друг освен во самиот него бидејќи тој го положува животот за него и од него бара замена за тоа дали ке го излечи или исцели човекот или не. Од друга страна некои од оваа вероисповед сметаат дека егзорхист е и самиот гакон и свештеник се доколку тој е доволно спретен и спремен да се снаога во таквата ситуација. Исто така ритуалот за вршење на егзорцизам е наведен во посебна книга со кое се одредува цело тоа по одредено правило за правењето на тоа.

Еврејска историја на егзорцизам

За оваа религија во врска со егзорхизмот најкарактеристично според нив и опишано е местото кај свитоците од Мртвото море во 1941година во околината на Qumrаn. Се верува дека овие свитоци се направени пред 150 до 70 години пред новата ера во кој се верувало дека местото е опседнато. Исто така преку традицијата нивна додека се поминува на ова место се пее песна посветена на местото со цел за полесно поминување. Таа содржла четири дела но сепак мегу народот се верувало дека едниот дел не бил испеан и нив пренесен а според некои се кажувало дека е и незачувана во целост. Позната е како Пслм 91 кој што се кажувало дека со овие четири пасуси традиционално се бркале демоните кои владееле во ова место но сепак непотврдено заради религиски ограничувања. Во Кабала како што е наведено и опишано се кажува дека станува за опседнатост на дух злобен наречен dybukk. Егзорхизмот во јудаизмот најчесто го врши или е правен од рабинот

Исламот и егзорцизамот

Демоните во исламот ги има многу и се подредени во повеке категории под следниве имиња : "jann","jinn","shaitans","afrits"и"marids". Во Куранот пророкот Мехмед кажувал дека постојат црни демони и магии во делот од Сура Фалаг каде што се препорачувало од него да се чита една молитва повеке пати за правење накој вид на исцелување или егзорхизам. Тој тука исто така има повеке приказни раскажано каде што иако ова не го имал класифицирано како егзорхизам според неговата магија и кажувањето на приказните има елементи кои наликуваат на правење егзорхизам кои и се слични со другите елементи од други религии. За правењето на егзорхизам во муслиманството се верува дека се прави со рецитирањето на куранот измегу молитвите

Хинду историјата за егзорцизам

Во Hindu Vedas , постојат безброј референции за демони или битки со нив кои се верувало дека тие се настанати од самите богови но сепак неможеле да ги контролираат па заради тоа биле и такви злобни. Интересна е приказната за Chandi божицата која се наогала во втората глава на Devi Mahatmya кој се верува дека таа самата од себе настанала кога боговите станале доста вознемирени за постоењето и владеењето на демоните. Се верува дека таа се спуштила на земјата со своите осумнаесеет раце и ги убила сите демони кои постоеле таму со кој лугето кои веруваат во оваа религија и божица му оддаваат големо внимание како Божествена мајка во кој имаат изградено и многу храмови. Тука во овие храмови најчесто се извршувале овие егзорхистички работи но сепак тајно кои има докази дека при овој обред се земало кравји измет за прочистивање на лицето од опседнатоста.

Будизмот и егзорцизмот

Обично будистите во врска со егзорцизмот биле многу ако не и најтаинствени со оглед на тоа да не му даваат повеке значење и при тоа ширењето страв за ова појава од опседнатост и цела постапка на егзорхизмот. Обично будистичкиот егзорхист или свештеник што го правел тоа носел shakujo во кој се верува дека ова е направен стап од посебни прстени кои со вибрациите од металните прстени на стапот ги плашеле духовите. Исто така тука се и сложените традиционални церемонии на егзорхизмот во оваа религија кои траат со часови и вклучуваат многу луге, па дури и села со разни маски кои носат свештениците со некаква цел или егзорхизам за побркување на демони. Во врска со сите религии е исто така многу важно за свештениот или човекот кој го прави тоа да воспостави комуникација со демонот за да знае кој е и притоа преку посебни книги и проучувања се изврши целата таа постапка .

Неколку поважни податоци во врска со егзорцизмот

Промените на богослужибите има дава секое наредно столетие и нареден кандидат во врска со записите а воедно и правењето на тоа му дава различно обележје. Егзорцизамот значи е техниката на избавување на човечкото тело од сли духови. Иако повеке се верува дека била застапена во минатото не е и денес речиси занемарена која сепак како и тогаш така и сега се одвива во тајност со цел да не се нарушува хармоничниот ред. Задачата на егзорцистот е да го натера Бог и архангелите да интервенираат и да го избркаат лошуд тоих или демон.Црквата во Англија во секоја епархија има по еден егзорхист. Но егзорцизмот е многу опасна работа бидејќи е доведен во прашање животот на лицето врз кое се врши истиот. Затоа во неуспешните случаи кога жртвата умира , свештеникот е доведен пред лицето на правдата. Законот е многу суров и не верува во егзорцизам па затоа му се суди на свештеникот за втор степен на убиство. Класичен пример за ова е филмот Егзорцизмот на Емили Роуз кој според вистинаска приказна на еден трагично завршен егзорцизам во кој свештеникот е осуден за убиство но по молба на граагните е пуштен на условно и му е забрането да врши егзорхизам засекогаш. Исто така за нашето подрачје во 2005 година актуелно беше смртта на младата калугерка Ирина Корничи која за време на ритуалот на истерувањето духови со месеци ги полнеше насловните страници во Романија. Два жестоки табора беа спротиставени едниот кој ја осудуваше црквата и средновековните практики а другиот ги бранеше старите ритуали . Викаат дека и кога сме нервозни и лути тогаш сме под контрола на гаволот. Затоа некои опседувања во минатото се нарекувале како ‘бесови’.Секаде низ Библијата опседунувањето се нарекувало Бес.