Корисник:TMaksimov/Autonomous system (Internet)

Во рамките на Интернет, автономен систем (autonomous system - АS) е збир од поврзани префикси на рутирање во склоп на Интернет протокол (IP) контролирани од еден или повеќе мрежни оператори кои претставуваат општо, јасно дефинирано правило на Интернетот.(cf. RFC 1930, Section 3).

Првичната дефиниција опфаќаше контрола на еден ентитет, најчесто Интернет сервис услужник (Internet service provider - ISP) или многу голема организација со независни врски до повеќе мрежи, кој се придржува до единечно и јасно дефинирано рутирачко правило, како што е дефинирано во RFC 1771.[1] Поновата дефиниција RFC 1930 почнала да се користи затоа што повеќе организации можат да употребуваат BGP користејќи приватни броеви на AS во ISP кој ги поврзува овие организации со Интернетот. Иако може да постојат повеќе Автономни Системи подржани од ISP, Интернетот ги "гледа" само рутирачките принципи на ISP. Тој ISP мора да има официјално регистриран Број на Автономен Систем (Autonomous System Number - ASN).

Единствен ASN се доделува на секој AS кој се користи во BGP рутирање. Броевите на AS се важни бидејќи уникатно ја идентификуваат секоја мрежа на Интернет.

Се до 2007, брoевите на AS се дефинираа како 16-битни цели броеви, кои овозможуваат максимално 65536 доделувања. Надлежните за доделување на овие броеви Internet Assigned Numbers Authority (IANA) ги поставиле броевите од 64512 до 655534 за приватно користење. Броевите 0, 56320-64511 и 65535 се резервирани од IANA и не се користат во ниедна рутирачка околина. ASN 0 може да се користи за да се обележат нерутирачки мрежи. Сите други ASN (1-54271) ги доделува IANA, а до 9-ти Септември 2008, само броевите од 49152 до 54271 останаа недоделени. RFC 4893 воведе 32-битни броеви на AS, кои IANA почна да ги доделува. Овие броеви се запишуваат или како прости цели броеви, или во форма x.y, каде x и y се 16-битни броеви. Броевите запишани во форма 0.y се старите 16-битни броеви на AS, 1.y броевите и 65535.65535 се резервирани, а останатитe се достапни за доделување.[2] Прифатеното текстуално претставување на Броевите на Автономните Системи е дефинирано во RFC 5396.[3]

Бројот на единствени автономни мрежи во рутирачкиот систем на Интернет надмина 5000 во 1999, 30 000 во 2008, и 35 000 во 2010.[4]

Доделување уреди

Броевите на AS се доделуваат во блокови од страна на Internet Assigned Numbers Authority (IANA) до Regional Internet Registries (RIRs). Потоа соодветниот RIR доделува броеви во рамките на одредената област од блокот доделен од IANA. Ентитетите кои сакаат да добијат ASN мораат да поднесат барање до нивниот локален RIR и истото да им се одобри. Тековните ASN можат да се добијат од IANA на нивната веб страна.[2]

Видови уреди

Автономните системи можат да се групираат во три категории, во зависност на нивниот начин на работа и поврзување.

multihomed Автономниот Систем одржува врска со повеќе од еден AS. Ова му дозволува на AS да остане поврзан на Интернет во случај на комплетно откажување на некоја од врските. Но, овој вид на AS не дозволува пренос од еден AS да помине преку него на пат до друг AS.

Стебло (stub) Автономниот Систем е поврзан само со еден AS. Ова може да биде залудно трошење на ASN ако начинот на рутирање на мрежата е ист со оној на автономните системи со повратни податоци. Но, stub AS може да има поврзаност (peering) со други Автономни Системи која не е видлива за јавните route-view servers. Кај посебни случаи имаме приватни взаемни врски како во финансиските и транспортните сектори.

Преносен (transit) Автономен Систем овозможува поврзување преку себе до други мрежи. Односно, мрежата А може да го користи преносниот AS на мрежата B, за да се поврзе со мрежата C. ISP се секогаш преносни AS, затоа што обезбедуваат врски од една мрежа до друга. ISP ѝ 'продава преносна услуга' на корисничката мрежа, оттаму терминот преносен AS.

Оваа статија е поврзана со уреди

Референци уреди

  1. RFC 1771, оригинална дефиниција (која сега е застарена) на Протоколот на гранична порта (Border Gateway Protocol - BGP)
  2. 2,0 2,1 Autonomous System Numbers
  3. RFC 5396, Textual Representation of Autonomous System (AS) Numbers, G. Huston, G. Michaelson, The Internet Society (December 2008)
  4. Tony Bates, Philip Smith, Geoff Huston. „CIDR report“. Посетено на 2010-09-17.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Наводи уреди