(македонски)Наслов уреди

                                      Инструменти на монетарна политика во Република Македонија



       Ценовната стабилност претставува примарна цел на монетарна политика во РМ и за да може народната банка да ја одржува  ценовна стабилност користи повеќе инструменти.За да бидат успешни резултати од инструментите на монетарната политика истите треба да се користат во вистинското време. Имајќи предвид дека помеѓу инструментите и крајната цел на монетарната политика постои сложена и индиректна поврзаност со временско задоцнување, НБРМ го следи движењето на одредени економски варијабли - оперативни и посредни цели. Оперативните цели полесно се контролираат, но се подалечни од крајната цел, додека посредните цели потешко се контролираат, но се поблиски до крајната цел. 


Инструменти со кои се служи народната банка на РМ се следниве: -Операции на отворен пазар -Задолжителна резервра -Расположливи депозити -Расположлив кредит преку ноќ -Интрадневен кредит

Од инструментите на монетарната политика највлексибилен претставува операции на отворен пазар и тие најчесто се спроведуваат преку емисија на хартии од вредност на НБРМ- аукзии на благајнички записи или преку купување или продажба на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа. Со овој инструмент НБРМ директно влиаје врз понудата на пари и кредити. За надминување на краткоричниот ликвидносен недостик кај банките на крајот на денот НБРМ одобрува расположлив кредит преку ноќ. А во обратна ситуација односто во услови на краткорочен вишок на ликвидност банките можат да пласираат средства кај НБРМ во расположливите депозити преку ноќ и на седум дена.


                                  ОПЕРАЦИИ НА ОТВОРЕНИОТ ПАЗАР
  Операциите на отворениот пазар претставуваат група индиректни пазарни инструменти на монетарната политика, преку кои НБРМ врши продажба и купување на хартии од вредност. Со овие инструменти се влијае врз нивото на краткорочните каматни стапки, односно нивото на расположливите ликвидни средства на банките. Зголемувањето на каматната стапка кај овие операции упатува на порестриктивна монетарна политика и обратно, намалувањето на каматната стапка овозможува релаксирање на монетарните движења.

Структурната позиција на банкарскиот систем во однос на централната банка придонесе повлекувањето ликвидни средства од банкарскиот систем коешто НБРМ го остварува преку емисија на хартии од вредност (благајнички записи) да доминира подолго време. Од друга страна, заради задоволување на краткорочниот ликвидносен недостиг во банкарскиот систем, НБРМ спроведува репо-операции за обезбедување ликвидност. Дефинитивните купопродажби на хартии од вредност на секундарниот пазар се помалку застапени. Во услови на позначајни отстапувања кај проекциите на ликвидноста коишто доведуваат до непланиран вишок или недостиг на ликвидност во вкупниот банкарски систем, НБРМ може да применува (вонредни) операции за фино регулирање преку коишто се избегнуваат значајни флуктуации на нивото на ликвидноста на банкарскиот систем и каматните стапки на пазарите на пари. Операциите на отворениот пазар ги опфаќаат следниве инструменти: -Аукција на благајнички записи -Аукција на репо-трансакции -Дефинитивни трансакции

Под аукција на благајнички записи се подразбира управување со ликвидноста на банкарскиот систем преку продажба на хартии од вредност од страна на НБРМ на примарниот пазар. Каматната стапка што ја носат благајничките записи претставува основна каматна стапка за насоката на монетарната политика во РМ. Аукциите на благајничките записи се одржуваат во редовни термини а купувачи на истите се банките. НБРМ применува два основни типа тендери кај аукцијата на благајнички записи:

- Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ го објавува износот на благајнички записи што го нуди за продажба, а банките аукцираат со износи и каматни стапки;

- Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ објавува фиксна каматна стапка по која ќе се реализира продажбата на благајничките записи, а банките аукцираат само со износи. Во долниот пример се прикажани резултатите од аукција на благајнички записи од 13.03.2013 год.

Рок на доспевање: 28 дена Тип на тендер: Тендер со максимална каматна стапка (минимална цена) Доспеан износ: 24.020.000.000,00 денари Понуден износ: 24.020.000.000,00 денари Побарувачка: 28.731.000.000,00 денари Реализација: 24.020.000.000,00 денари Максимална каматна стапка утврдена од Народната банка: 3,50 % (99,7285) Пондерирана каматна стапка (цена): 3,42 % (99,7346) Минимална каматна стапка (цена): 2,96 % (99,7703) Максимална каматна стапка (цена): 3,47 % (99,7312)

                 Аукции на репо-трансакциите

Аукциите овозможуваат повлекување ликвидност преку моментна продажба на хартии од вредност, со обврска за нивен реоткуп на некој иден датум по однапред утврдена цена и обратно, обезбедување ликвидни средства преку моментно купување хартии од вредност, со обврска за нивна повторна продажба на некој иден датум по однапред утврдена цена. Исто како и кај аукции на благајничките записи и тука постојат два начина на аукции: 1 Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ го објавува износот, а банките аукцираат со износи и каматни стапки;

2 Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ објавува фиксна каматна стапка по која ќе се реализираат репо-трансакциите, а банките аукцираат само со износи.

                 ДЕФИНИТИВНИ ТРАНСАКЦИИ

Основната функција на инструментот е структурно регулирање на ликвидноста во банкарскиот систем, што би довело до долгорочна промена во нивото на ликвидност. Дефинитивните трансакции можат да се спроведуваат во двете насоки, за обезбедување или за повлекување ликвидност од банкарскиот систем, преку дефинитивен откуп, односно продажба на хартии од вредност на секундарниот пазар. Дефинитивните трансакции се спроведуваат со банките на билатерална основа.

Задолжителна резерва

Под задолжителна резерва се подразбира обврски на банките и штедилниците односно данок кој им го наметнува НБРМ за изделување на средства на сметка кај централната банка. Целта на овој инструмент се стабилизирањето на краткорочните каматни стапки на пазарите на пари, управување со понудата на пари и нивото на кредитна мултипликација. Основата за задолжителната резерва на банките се пресметува како просек од обврските за секој ден од календарскиот месец што му претходи на периодот на исполнување Задолжителната резерва на банките во девизи се издвојува на посебни девизни сметки на НБРМ во странство и се исполнува во евра на фиксно ниво. Штедилниците ја исполнуваат задолжителната резерва на посебни сметки кај НБРМ на фиксно ниво. Стапката на задолжителна резерва на штедилниците изнесува 2,5%.



Стапките на задолжителна резерва на банките се прикажани во табелата: Обврски Стапка на задолжителна резерва Се применува од: - во домашна валута 10% 11.01.2005 - во домашна валута со валутна клаузула 20% 11.07.2009 - во странска валута 13% 11.08.2009 Исклучок: - обврски кон физички лица со договорна рочност над две години 0% 11.01.2012 - обврски по репо-трансакции во домашна валута 0% 11.01.2012 - обврски врз основа на издадени должнички хартии од вредност во домашна валута со оригинален рок на достасување од најмалку две години 0% 13.02.2013

Расположливи депозити Кога банките имаат вишок на ликвидност тие сакаат да ги пласираат тие пари со цел да заработат камата. Најчест пример за тоа претставуваат расположливите депозити кои банките ги префрлаат кај народната банка на РМ со рочност од 1 ден до 7 дена. Каматната стапка за депозитите преку ноќ изнесува 0,75 %. Додека каматната стапка на депозитите за една недела изнесува 1,75 %. Во графиконот подоле ќе прикажеме движењето на каматната стапка на расположливите депозити за 2013 година. 2013 Каматна стапка на расположливи депозити преку ноќ на седум дена Јануари 1,00 1.75* Февруари 0,75 1,75 Март 0,75 1,75 Април 0,75 1,75

Каматната стапка на депозитите на седум дена ја утврдува гувернерот и таа, заедно со останатите услови, се објавува на интернет-страницата на Народната банка. Каматата се пресметува со примена на следнава формула:

       D  k   d

K = ---------

       100 x 360

каде што: К - камата на депозитот; D - износ на депозитот; к - каматна стапка; d- календарски број на денови. НАРОДНАТА БАНКА ГИ ИСПЛАЌА ДЕПОЗИТИТЕ НА БАНКАТА НА ДЕНОТ НА ДОСТАСУВАЊЕТО, НА ПОЧЕТОКОТ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА МИПС. КАМАТАТА СЕ ПРЕСМЕТУВА И СЕ ПЛАЌА ВО ТЕКОТ НА ИСТИОТ РАБОТЕН ДЕН.

НАРОДНАТА БАНКА ИМА ПРАВО ДА ГО ОГРАНИЧИ ПЛАСИРАЊЕТО СРЕДСТВА ВО

ДЕПОЗИТИ, ДЕЛУМНО ИЛИ ВО ЦЕЛОСТ, ЗАРАДИ ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ И НАСОКИТЕ НА МОНЕТАРНАТА ЕКОНОМИЈА.

                         РАСПОЛОЖЛИВ КРЕДИТ ПРЕКУ НОЌ
         
      Основната функција на расположливиот кредит преку ноќ е надминување на ликвидносните проблеми кај поединечни банки со што се придонесува кон стабилизирање на ликвидноста на пазарите на пари и флуктуациите на краткорочните каматни стапки. Кредитот се одобрува со рок на достасување преку ноќ. Каматната стапка на расположливиот кредит преку ноќ претставува горна граница на краткорочните каматни стапки на пазарот на пари и се утврдува со додавање 0,50 п.п. над каматната стапка остварена на аукцијата на благајнички записи. Кредитот им стои на располагање на банките секој работен ден и се одобрува по нивно барање, во форма на репо-трансакција. Расположливиот кредит преку ноќ се одобрува согласно со Генералниот репо-договор, а како обезбедување се користат хартии од вредност согласно со Листата на хартии од вредност за спроведување на монетарни операции. 

Право на кредит имаат сите банки и филијали на странски банки.Народната банка на Република Македонија одобрува кредит преку ноќ на банка преку склучување на репо-трансакција со рок на достасување од еден работен ден. За одобрениот кредит преку ноќ Народната банка наплаќа камата за 1,50 % поголема од каматата на благајничките записи. Народната банка има право да го ограничи барањето на за кредит или истото да го одбие.

                                ИНТРАДНЕВЕН КРЕДИТ


Основната функција на овој кредит е надминување на ликвидносните нерамнотежи кај банките коишто настануваат како резултат на поголеми одливи во однос на приливите во текот на денот. На тој начин, овој инструмент овозможува непречено реализирање на платните трансакции во текот на денот и го подобрува ликвидносното управување на банките. НБРМ не наплаќа камата на интрадневниот кредит. Кредитот им стои на располагање на банките секој работен ден и се одобрува по нивно барање, во форма на репо-трансакција, при што постои можност за претворање на интрадневниот кредит во расположлив кредит преку ноќ на крај на денот. Интрадневниот кредит се одобрува согласно со Генералниот репо-договор, а како обезбедување се користат хартии од вредност согласно со Листата на хартии од вредност за спроведување на монетарни операции.


Користена литература: - Web страницата на министерството за финансии – finance.gov.mk - Монетарна економија- Љубе Трпевски - Web страницата на НБРМ – nbrm.mk